4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонија10 МАКЕДОНЦИ ЧИИ ЖИВОТИ СЕ ЗА НА ФИЛМ

10 МАКЕДОНЦИ ЧИИ ЖИВОТИ СЕ ЗА НА ФИЛМ

spot_img

1. Владо Танески – новинарот и сериски убиец на постари жени од Кичево, чија приказна го обиколи целиот свет, е тажна и страшна психолошка тема. Самиот настан веќе беше обработен на документарен начин во „Мајки“ од Манчевски, но мислам дека еден наративен фиктивен пристап би дал како резултат одличен трилер.

vlado tanevski

 

2. Тоше Проевски – со голема жалост го ставам името на Тоше во оваа листа. Филмот кој се сними за него во словенска продукција помина некако незабележано, но сигурен сум дека има што да се раскаже за животот на оваа наша најголема музичка ѕвезда. На некој начин би можело да се рече дека Тоше беше првиот македонски Џејмс Дин, успешен млад човек, мега ѕвезда чија смрт беше и сè уште е оплакувана од целата нација.

tose

 

3. Кирил и Методиј, Свети Климент – Кирил и Методиј затоа што ја измислија глаголицата, првото словенско писмо, а Св. Климент затоа што го креираше кириличното писмо. Филмот за нив би можел да предизвика светски интерес (а богами и полемика), во најмала мерка кај словенските народи, доколку е успешно изработен. Го замислувам како „Името на розата“, со авантуристички и криминалистички подзаплети во главната приказна.

sv kiril i metodij

4. Крале Марко – иако можеби во вистинскиот живот и не бил толку голем херој и јунак како што му се припишува во песните и приказните, сепак Крале Марко е легендарен лик, популарен и во Македонија и во Србија и во Бугарија. Одличен материјал за една фантастична епска авантура, во која би го следеле неговиот посинок Дете Голомеше и коњот Шарец, а негов главен непријател би бил, кој друг ако не Црна Арапина. Филм кој би уживал да го реализирам.

300px-Marko_Krale

5. Цар Самуил – Неодамна дознав дека веќе се спрема снимањето на филм за Цар Самуил, чија трагична судбина ја знаеме сите. Откако неговата армија била поразена од Византија, сите заробеници биле ослепени, освен секој стоти заробеник, на кого му било оставено едно око да ги води другите до нивниот крал. Кога Самуил ги видел илјадниците ослепени војници, починал од срцев удар. Мојот чичко Владо Цветановски спремаше сценарио во кое главниот јунак беше еден од ослепените војници кој подоцна станал гуслар.

car samoil

6. Крсте Петков Мисирков – авторот на „За Македонцките работи“ имал мошне интересен и бурен живот, кој според мене е одлично претставен во претставата „Последниот ден на Мисирков“ од Јордан Плевнеш. Атентати, тајни служби, интриги… Слично како Моцарт, телото на Мисирков завршува на колективни гробишта за сиромашни.

misirkov_krste

7. Марко Цепенков – кога го гледав „Браќата Грим“ на Тери Гилиам, прво нешто на кое што помислив беше дека истиот концепт, но со Марко Цепенков и со македонските народни приказни би работел уште подобро. Замислете Цепенков да не ги запишувал, туку да ги живеел овие приказни. Ете одличен материјал за фантастичен трилер-акција-авантура.

marko cepenkov

8. Војдан Чернодрински – основоположникот на македонскиот театар, автор на веќе класичната „Македонска крвава свадба“, е интересен од повеќе аспекти. Неговата театарска трупа патувала насекаде низ Балканот и играла на македонски јазик. Многу често настапите биле забранувани од официјалните власти, па за да биде овозможен настап на трупата, претставите ги обезбедувале вооружени четници. Во овој период е многу силно бранувањето околу (не)признавањето на македонската националност, и мислам дека филмот би бил актуелен и денес, еден век подоцна.

05-cerno-g

9. Сирма Војвода – Оваа наша војвода за која долго време дури ни нејзините ајдути не знаеле дека е жена, е некако подзаборавена и изгубена меѓу машките револуционери. На неа се потсетив кога го прочитав интересниот роман „Џулијано Понти“ на мојата колешка Загорка Поп-Антоска Андовска, која убаво ја има истражено темата и напишано сценарио за овој лик. И посакувам среќа и се надевам дека некогаш ќе имаме шанса да ја видиме Сирма на големото платно.

10. Методија Андонов Ченто – долго време табу тема во историјата на Македонија, името на Ченто во 90-тите беше исчистено од претходната пресуда. За многу луѓе тој беше првиот претседател на Македонија, а неговото заточеништво во Идризово се покажа дека било политичка инсценација. Иако не сум голем љубител на политички трилери како жанр, приказните на неколку од овие наши историски ликови се токму тоа.

cento

 

Гоце Цветановски, сценарист и режисер (Македоска Ризница, број 19) 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...