9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаМиле бил заразен со Ковид-19, не дојде на судењето за „ТНТ“

Миле бил заразен со Ковид-19, не дојде на судењето за „ТНТ“

Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска не се појави на судењето за „ТНТ“, поточно за рушењето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски. Неговите адвокати приложиле позитивен тест на Ковид-19, направен во приватната болница „Систина“.

Доколку до крајот на месецот не се одржи рочиште за овој случај, ќе поминат 90 дена од рочиште до рочиште, поради што случајот би почнал од почеток.

Во случајот обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

Пред една недела Јанакиески со полициска придружба, со оперирана нога, со штаки беше спроведен на судското рочиште за случајот „Топлик“. Јавува Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци

Влада без легитимни Албанци е исто како Влада без Албанци, порача Бујар Османи од ДУИ во гостувањето на Канал 5 во „Само Интервју“. Тој...

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...