20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаИнспекторот од Берово се огласи: Јагнето е здраво и живо и вратено...

Инспекторот од Берово се огласи: Јагнето е здраво и живо и вратено кај неговата мајка, се работи за Адет наречен ,,Изгубеното јагне”.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес на социјалните мрежи се појави видео во кое инспектор за храна и ветернираство како малтретира јагне, но всушност се работело за адет

<

Месец февруари е период кога во Малешевијата во тек е откупот на јагниња. Едно од семејствата од овој крај, кое деновиве успеа да направи добра зделка со продажбата е семејството Мачевски од селото Робово. Како што истакна Александар Мачевски годинава успеале да продадат 150 јагниња по добра цена, што секако предизвикало задоволство во нивниот дом.

По продажбата, како што е ред, додава Мачевски бил организиран собир, на кој ги поканиле сите кои помогнале продажбата да се заврши без проблем. Ваквите адети како што вели Александар се познати меѓу сточарите, а со цел идната година да им биде поуспешна се прави обичај наречен ,,Изгубеното јагне”.

-Токму во рамки на овој обичај најстариот член на семејството внесува јагне на масата, се свири истоимената инструментална мелодија ,,Изгубеното јагне” и откако ќе заврши песната јагнето го враќаме во трлото. Бидејки има објавено видео снимка на која се гледа тој адет, кај одредени здруженија се појави реакција дека наводно сме се изживувале животното, а пак ќе повторам тоа е само адет, потоа јагнето е вратено во трлото, за што имам објавена друга видео снимка како тоа е здраво и живо. На настанот беше поканет и инспектор, кој ќе повторам беше поканет од наша страна и не знам зошто го вмешаа човекот во целата ситуација, бидејки беше наш гостин, после успешно завршена работа, рече Мачевски.

Како семејство кое од сточарство егзистира целиот свој живот, Мачевски додаде дека и покрај создавањето вирална вест од снимката, никој не ги прашал како втора страна да ја објаснат ситуацијата.

-По објавувањето на видеото на страницата на тоа здружение има голем број негативни коментари под таа вест, што навистина не е во ред, бидејки ќе повторам ,,никој не не праша што ние имаме да кажеме”. Ќе повторам дека тоа е само адет, ние не сме убијци на животни, секојдневно одгледуваме со љубов над 400 овци, што може да се види на многу други видеа на нашиот профил.

ДЕМАНТ:
Во врска со натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната,, Изгубеното јагне ” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано.

 

 

Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, маче но и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со  натписот кој е споделен на АНИМА МУНДИ ми го нарушуваат угледот  мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот ќе бидам приморан  да преземам правни дејствија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...