29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за...

Мразот што се создаваше 2.000 години на Монт Еверест, се стопи за 25 години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Највисокиот глечер на највисоката планина на светот, Монт Еверест, секоја година губи децениски мраз поради климатските промени предизвикани од човекот, покажа нова студија, јави Си-Ен-Ен, пренесува МИА.

<

Откритијата служат како предупредување дека брзото топење на глечерот на една од највисоките точки на Земјата, може да донесе уште полошо климатско влијание, вклучувајќи и почести лавини и сушење на изворите на вода, на кои, околу 1.6 милијарди луѓе во планинските масиви сметаат на нив за пиење, наводнување и хидроенергија.

Мраз, на кој му требаше околу 2.000 години да се формира, се стопи за околу 25 години, што значи дека се разредил околу 80 пати побрзо, отколку што се формирал.

Додека топењето на глечери е нашироко проучувано, малку научно внимание се обрнува на глечери на највисоките точки на планетата, наведуваат истражувачи во студијата, објавена во Nature Portfolio Journal Climate и Atmospheric Science.

Тим научници и планинари, вклучувајќи шестмина од Универзитетот во Мејн, го посетија глечерот во 2019 година и земаа примероци од леденото јадро, долго десет метри. Тие, исто така, ги инсталираа двете највисоки автоматски метеоролошки станици во светот, со цел да соберат податоци и да одговорат на прашањето: Дали се погодени најнедостапните глечери на Земјата од климатските промени предизвикани од човекот?

– Одговорот е дефинитивно „да” и многу е значајно, уште од доцните 1990-ти – изјави Пол Мајевски, лидер на експедицијата, како и директор на Институтот за климатски промени на Универзитетот во Мејн.

Според истражувачите, климатските промени, предизвикани од човекот, ја нарушуваат критичната рамнотежа, што ја обезбедуваат површините покриени со снег.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...