27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонските новинари понижени пред бугарските на скопскиот аеродром

Македонските новинари понижени пред бугарските на скопскиот аеродром

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Додека се одвиваше промоцијата на авионската линија Скопје – Софија претставници на домашните медиуми беа дистанцирани на стотици метри од настанот без можност да земат изјава, ниту пак, да документираат кадри од случувањата. Во исто време сниматели кои се вработени во рамки на владините институции како и новинари од Бугарија имале пристап до самиот авион по слетувањето, како и до претставници од делегацијата“, реагираат Здружението на новинари и новинарскиот Синдикат. за денешниот настан на пристигнување на бугарски авион на Скопскиот аеродром.

<

Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово повторно беа попречени да известуваат за настан на скопскиот аеродром од страна на службите за обезбедување, нагласуваат новинарските организации.

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека е неприфатлив ваквиот третман на медиумските екипи кои притоа беа уредно поканети и акредитирани за проследување на настанот. Потребно е да се сфати дека тие се таму на задача со цел да известуваат во име на јавноста и дека организаторите на настанот треба да обезбедат соодветни услови за работа. Од друга страна, владините сниматели и службеници за медиуми не смеат да имаат привилигиран статус, бидејќи на тој начин стануваат конкуренција на медиумите, а тоа може да го наруши и правото на информирање на граѓаните“, се вели во реацијата.

Двете новинарски организации потсетуваат дека домашните медиуми за овој настан имале добиено уредна покана од Министерство за транспорт и врски.

„Потсетуваме дека ова не е прв ваков случај на скопскиот аеродром, каде пред извесно време на настан поврзан со пристигнувањето на бегалци од Авганистан владини службеници снимаа видеа и ги емитуваа на социјални мрежи додека новинарските беа дистанцирани и попречени да ја работат својата работа“, ѝ се порачува на Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...