10 C
Ohrid
среда, април 16, 2025
ПочетнаСветАмерика ја повлекува војската од Украина

Америка ја повлекува војската од Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради можноста за ескалација на конфликтот меѓу Русија и Украина, американската војска ги повлекува своите сили од украинска територија, кои се распоредени таму за обука на локалните сили.

<

Министерството за одбрана на САД објави дека повлекува 160 членови на својата Национална гарда од Украина и ги преместува на друга локација во Европа.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека одлуката е донесена „од претпазливост“, пренесува Ројтерс.

„Прераспоредувањето не значи промена во нашата решеност да ги поддржиме украинските вооружени сили, туку флексибилност во поддршката на сојузниците и одвраќањето на агресијата“,се наведува во писмената изјава на Кирби.

Тој не прецизираше на која локација во Европа ќе бидат префрлени овие лица од Националната гарда. Од 2015 година, резервните сили на Националната гарда на САД ги обучуваат украинските војници заедно со војници од други земји, пред се од Канада и Германија.

„Ројтерс“ во петокот објави дека Пентагон испраќа 3.000 дополнителни војници во Полска додека Русите одржуваат воени вежби во соседна Белорусија и Црното Море.

Пентагон, исто така, соопшти дека неговиот министер за одбрана Лојд Остин имал телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Шојгу во саботата за да разговара за акумулацијата на руски војници на границата со Украина.

Денеска телефонски разговараа и американскиот државен секретар Антони Блинкен и неговиот руски колега Сергеј Лавров, а телефонската средба меѓу претседателите на двете земји Џо Бајден и Владимир Путин е закажана за подоцна вечерва.

САД предупредуваат на можноста за руска инвазија на Украина следната недела, но Русија ја негира можноста и ги обвинува САД дека ја зголемуваат опасноста од војна со предупредување за руска агресија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на Стојанче, шахтата во Аеродром доби капак !!!

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека е затворена шахтата што беше отворена спроти Трговскиот центар Скопјанка. Голема благодарност до службите во...

Меѓу уапсените 7 полицајци е и командирот на полициската станица Кочани

Командир на ПС Кочани кој бил на чело на станицата за време на пожарот, а е еден од разрешените полицајци по трагедијата е меѓу...

Бесплатно ѓомлезе во Охрид и Струга по повод големиот христијански празник Велигден за фамилии што не можат да си дозволат.

! ХУМАНИТАРНА ВЕЛИГДЕНСКА АКЦИЈА ! „Ѓомлезе со љубов!“ По повод големиот христијански празник Велигден, со љубов и добрина од срце подготвуваме и донираме домашно ѓомлезе од...

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...