Крушевскиот градоначалник Томе Христоски и олимпиецот Ставре Јада за изненадување влегоа го „клинч“ на социјалните мрежи.
Откако Јада пред извесен период упати критики кон општината поради малата финансиска помош за ЗОИ (10 илјади денари), првиот човек на градот, Христоски, му реплицираше во објава на социјалните мрежи.
Денес Ви реплицирам со факти гледајќи ве на ТВ екраните со знамето од Кутлеш, Вие денес требаше да не побиете со факти и дела на терен, да не претставувате вистински, за својата држава и народ, за се она што претходно се плукаше, обвинуваше кон државата и општината.
Се прашувам и друга работа како политичар, но и граѓанин на нашата држава, дали доволно им возвративме како држава и општина на Ѓоко Динески, Јошко Миленкоски-одбојка, Стерули Андоновски-кошарка, Доно Кечевски-скијање, пинг понгот, Илија Најдоски-фудбал, Филип-ракомет и многу други без замерка крушевчани кои постигнаа многу повеќе во другите спортови. Во зависност од тоа кои резултати ги имаат постигнато за репрезентацијата, меѓународно и кои генерации растеа во спортот заедно со нив, кои спортисти произлегоа од нив.Колку и тие не претставуваа, какви резултати имаа, како им возвративме, дали е или било доволно!?“, се вели во објавата на Христоски.
На тоа не остана должен и Јада, кој повторно се осврна на слабата финансиска помош, додавајќи дека таа фотографија е монтажа.