33.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЕрдоган, Заев и Пендароски ќе ја отворат Алипашината џамија

Ердоган, Заев и Пендароски ќе ја отворат Алипашината џамија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Турската амбасадорка во Северна Македонија Тулин Еркал Кара , која вчера ја посети Алипашината џамија во Охрид, најави  дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект.

<

Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.Се очекува на отворањето да присуствуваат и премиерот Заев и претседателот Пендаровски.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција, но без градежна дозвола. За амбасадорката и за ИВЗ не е спорно, што објектот е дивоградба.

– „На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно“, рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Повикувајќи да се почитуваат различностите, амбасадорката рече дека не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно дека  било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект.

Нејасно е како не гледаат ништо спорно кога објектот е дивоградба, а воедно и една од забелешките на УНЕСКО.

Извор http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid/18958-erdogan-zaev-i-pendaroski-kje-ja-otvorat-alipashinata-dzamija

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...