16.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаМенкиноски: „Македонија има право да ги алармира ОН дека Бугарија го крши...

Менкиноски: „Македонија има право да ги алармира ОН дека Бугарија го крши Парискиот договор од 1947 за малцинските права“

Ако се гледа низ призмата на меѓународното право и неговата неприкосновеност,
грижата за малцинствата е обврска на Бугарија прифатена уште со Парискиот
мировен договор од 1947 година.

 

Правните обврски никогаш не престануваат да важат и не застаруваат ниту 75 години по нивното прифаќање, особено ако документот е приложен во Обединетите нации. Во членот 2 од Парискиот мировен договор Бугарија како поразена земја во Втората светска војна се обврзува на почитување на сите демократски принципи, меѓу кои и почитување на различните малцински права и правото на нивно организирање на територијата под бугарска јурисдикција.“ – вели Сашо Таневски во својата анализа со наслов „Бугарија флагрантно го прекршува Парискиот мировен договор“ , која ја објави весникот „Нова Македонија“.

„Уште еден меѓународен договор со несоборливи правни аргументи во полза на Македонија“ Таневски пишува: „Бугарија продолжува со игнорантскиот однос кон македонското малцинство на нејзина територија, со објаснување дека бугарскиот устав не предвидува колективни права, туку индивидуални, со што флагрантно го прекршува Парискиот мировен договор, со кој уште пред 75 години се обврзала дека ќе ги почитува малцинските права на своја територија. И наместо Бугарија да се држи до она што пред повеќе години го потпишала пред ОН, со цел сојузниците да ѝ го дозволат правото да биде меѓународен субјект и признаена држава, таа целосно ги занемарува своите обврски од договорот и спроведува иста геноцидна политика, поради која беше казнета во Втората светска војна.“
„Бугарија го прави тоа и денес, иако веќе 15 години е членка на Европската Унија и Менкиноски: „Македонија има право да ги алармира ОН дека Бугарија го крши Парискиот договор од 1947 за малцин…

има обврска да ги почитува европските критериуми во поглед на малцинските
права. Но, вешто се оглушува на тоа и продолжува да игнорира 17 пресуди на Судот
за човекови права во Стразбур, донесени во полза на Македонците во Бугарија. Ако
се гледа низ призмата на меѓународното право и неговата неприкосновеност,
грижата за малцинствата е обврска на Бугарија прифатена уште со Парискиот
мировен договор од 1947 година, така што повеќе од јасно е дека правните обврски
никогаш не престануваат да важат и не застаруваат ниту 75 години по нивното
прифаќање, особено ако документот е приложен во Обединетите нации.“
„Во членот 2 од Парискиот мировен договор Бугарија, како поразена земја во
Втората светска војна, се обврзува на почитување на сите демократски принципи,
меѓу кои и почитување на различните малцински права и правото на нивно
организирање на територијата под бугарска јурисдикција. Ова што сега се случува
со непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија е директно
прекршување на членот 2 од Парискиот мировен договор, за што Македонија има
право да реагира како земја – наследничка на поранешна Југославија, која е
потписник на овој договор во 1947 година, а која беше на страната на сојузниците.“
„Во согласност со меѓународното право, земјите наследнички ги преземаат сите
обврски на земјата од која произлегле, вклучувајќи почитување и спроведување на
сите договори потпишани пред сукцесијата.

Правниот застапник на Македонците во Бугарија Тони Менкиновски категорично тврди дека Македонија е правен наследник на поранешна Југославија, па затоа може да ги алармира ОН дека Бугарија го прекршува Парискиот мировен договор во делот на почитувањето на правата на малцинствата.

‘Македонија апсолутно е земја – наследник на Југославија и слободно
може да се повикува на сите договори потпишани од поранешната држава. Ние
бевме во федерација, така што кога се потпишувале меѓународни договори, тие
важеа и во републиките, што се посебни држави. Ние сме правен наследник и
следбеник на Југославија, па затоа и нашето собрание ратификува договори што
претходно поранешната држава ги ратификувала. Тие се влезени во нашиот правен
систем.’ – вели Менкиновски.“

„Според него, Македонија има апсолутно право да ги алармира ОН дека Бугарија го
прекршува Парискиот мировен договор од 1947 година. ‘Бугарија со стапици и друго
се обидува да ги избегне своите обврски од договорот, со кој се обврзала да ги
почитува малцинските права. Во Македонија има многу подготвени експерти за
меѓународно право, но никако да излезат на површина. Постои хронологија,
закономерност во сè, исто и во правото. Не може да се поништи мировен договор,
документ што е потпишан. Тие треба да го почитуваат, во спротивно, ако не го
почитуваат мировниот договор, тоа е вовед во војна.

Гарант на тој договор се ОН,
што дава уште поголема тежина. Нашите политичари не работат доволно да ги
искористат овие правни аргументи.’ – нагласува Менкиновски. Тој смета дека
Македонија може да поднесе тужба и до Судот за човекови права во Стразбур за
непочитување на Европската конвенција за човекови права од страна на Бугарија за
непочитувањето на 17-те пресуди, што се донесени таму. ‘Има многу работи што
може да ја подобрат нашата ситуација, но не се прават, или некој не сака да ги
направи. За нас одлучуваат луѓе што не се способни.’ – заклучува Менкиновски.“
„И професорот по меѓународно право од Универзитетот во Белград Игор Јанев смета
дека Бугарија мора да се грижи за македонското малцинство во согласност со Парискиот мировен договор. ‘Со Парискиот акт од 1947 година Бугарија мора да се
грижи за малцинствата, дури мора да плаќа и репарации.’ – вели Јанев.“

„За академик Катица Ќулафкова не е спорно дека Македонија може да се повикува и
да се повлекува од договори, што ги склучила поранешна Југославија, но, според
неа, тоа треба да го направат институциите. ‘Можеме многу работи да повлечеме и
прекинеме (договори), да се повикаме на многу склучени договори при основањето
на ООН и преку Југославија, а кои се однесуваат на Македонија, ама треба
институциите да го направат тоа и стручните лица што ја знаат постапката.’ – вели
Ќулафкова. Според неа, македонската актуелна власт (од независноста наваму) се
оглушува на експертските укажувања дека се направени многу повреди на
конвенции, закони, права и правда.“

„Професорката Наташа Котлар-Трајкова од Институтот за национална историја,
анализирајќи го токму прекршувањето на спорниот член 2 од Парискиот мировен
договор, смета дека Македонија треба да ги информира ОН и ЕУ дека Бугарија го
прекршува договорот потпишан во 1947 година.

 

‘Македонија како наследник на Југославија може да се повика на Париската мировна конференција, бидејќи тие не се поништени, туку ние треба само со една нотификација, посебен вид дипломатско писмо, да ги известиме сите, и нашите соседи и ОН и Европската Унија дека се повикуваме на нашите права врз основа на Парискиот мировен договор како правен наследник на поранешна Југославија и да заземеме една сосема друга положба во однос на преговарањето.’ – порачува Котлар-Трајкова

Извор: Експрес.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...

Тројца малолетници од Тетово фрлиле свој соученик од прозор !!!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 01.04.2024 во...