4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаШест жителите на селото Лакочереј излегоа на улица: Бараме припадниците на Лев...

Шест жителите на селото Лакочереј излегоа на улица: Бараме припадниците на Лев Тахор да си заминат од нашево село, на интернет читавме краделе деца !!!

spot_img

Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои претходно престојуваа во Куманово и Скопје, се донесени во охридското село Лакочереј, реагираат мештаните. Според нив групата од 37 членови, повеќето од нив малолетни лица, е сместена во хотел.

Вознемирени и уплашени, денеска жителите на селото излегоа на улица со барање да се исели групата оти се плашеле за својата безбедност, и како што вели еден од нив читал на интернет дека краделе деца.

„За првпат во мојот живот чуствувам ваков страв. Бараме групата да се исели од селото. Ние ниту сакаме да ги малтретираме ниту да ги навредуваме. Сакаме само да заминат оттука. Читаме дека оваа група не е пожелна никаде и поради тоа не сакаме да биде присутна и тука. Се зборува дека киднапирале деца иако ние тоа не можеме да го тврдиме, но страв постои. Не случајно е избрано ова село кое е чисто православно со 5 цркви“, велат мештаните.

Сведоци биле кога групата со полициска придружба пристигнала во селото и побараа надлежните итно да ги дислоцираат.

„Пристигнаа со автобус. Се истовараа куфери. Имаше мажи, жени и мали деца. Низ селото не шетаат, сместени се во хотелот. Не знаеме зошто се тука и доколку не заминат ќе излеземе на масовни протести. Ги избркаа од Куманово, од Тетово и нема да запреме додека не заминат и од тука“, вели Илче Настоски, жител на селото.

„Лицата за кои прашувате ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, велат од МВР.

Очевидци од местата низ кои престојуваат, велат дека овие луѓе никого на криво не погледнале, а камо ли да прават проблеми. Сепак, верниците најпрво во Куманово, а потоа и во Скопје предизвикаа лавина негативни реакции и говор на омраза на социјалните мрежи, како и напади со фрлање јајца и камења, поради што полицијата мораше да ги чува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...