20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаУбиството во Битола е снимено од камери поставени на објект каде престојувал...

Убиството во Битола е снимено од камери поставени на објект каде престојувал дедото, а насилникот пред да почине набавил и автоматска пушка !!!

Битолчанецот Стојанче Соколов (44), кој во понеделникот беше убиен од дедото при обид да изврши насилство со мачета врз својата поранешна сопруга и во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата.
Според податоците од СВР Битола тој пред 3 години ѝ нанел телесна повреда на својата сопруга по што таа го пријавила.

Фотографијата е направена еден ден пред да биде застрелан, имено насилникот цело време набавувал и објавувал фотографии со оружје, ексклузивно открива Шило Магазин.


„Според нашата евиденција во 2018 година С.С. бил пријавен од сопругата за нанесување на телесна повреда, за што полицијата му поднесе кривична пријава за семејно насилство со нанесување на телесна повреда. Од 2015 до 2022 година ова е единствена кривична пријава за семејно насилство поднесена против него од страна на сопругата според нашата евиденција“, велат од СВР Битола за „Независен“.

Каков исход имала оваа кривична пријава против Соколов засега немаме податок. Сега убиениот одлежувал и затворска казна и имал дебело криминално досие, велат од полицијата, но без подетални податоци.

Битолчани на социјалните мрежи сѐ повеќе ја искажуваат поддршка за дедото кој во моментот на убиството ја бранел својата ќерка од насилникот, кој пак упаднал кај нив дома со мачета. Неофицијално се зборува дека убиството било снимено од камерите поставени на објект каде престојувал дедото. Обвинителството наведува дека ќе се обезбедат снимки од видеонадзор на објектот.

ОЈО денеска се огласи дека за дедото ќе биде побаран притворен бидејќи со умисла го лишил од живот неговиот бивши зет. Обвинителството го товари дедото за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Во законот стои дека „Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...