0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПетар Колев бара Бугарија да продолжи со ветото кон Македонија. (Видео)

Петар Колев бара Бугарија да продолжи со ветото кон Македонија. (Видео)

spot_img

Претседателот на Македонската партија ГДУ, македонскиот Бугарин, Петар Колев, при минатонеделното гостување на државната бугарска телевизија БНТ, го пофали ставот на Радев и ја обвини и нашата влада дека потрошила 30 мил. евра за анитбугарска кампања.

 

На прашање на новинарката на БНТ зошто на минатите избори собрале само 0,38%, г-динот Колев не одговори на прашањето туку рече:
„Според нас, сегашната позиција на Бугарија не треба да се менува во иднина додека Бугарите во Македонија не ја добијат својата рамноправност, не се смени Уставот, и овој мал збор ( думичка ) „Бугари“ не се вметне во самиот устав.“
Понатаму додаде:
„Затоа што ако тоа се случи (да се подигне ветото н.з.), тоа ќе биде единствен не само европски, туку и глобален парадокс, бидејќи Бугарија ќе го жртвува или прифати феноменот на газење на човековите права на сопствените сонародници во Македонија, а наместо тоа ќе им овозможи на другите луѓе, да имаат корист од дополнителните човекови права, како што е слободното движење на луѓе, стоки и капитал во ЕУ“.

Запрашан кому му користи тоа што работите ги прикажува на спротивен начин и и сугерира на Европа дека во РСМ нема проблем со правата на Бугарите, Петар Колев рече:
„Македонската влада издвои 30 милиони евра за сериозна меѓународна кампања, клеветничка, против Бугарија и против Бугарите во Македонија“

Целото интервју тука

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...