Резиденцијален објект крај реката Припјат, во близина на Гомел во Белорусија, во моментот се одржува првата директна средба меѓу украински и руски претставници од почетокот на воената операција на Русија во Украина.
Медиумите веќе излегоа со информации за две барања со кои пристигнала украинската делегација што ја предводи министерот за одбрана, Олексеј Режњиков.
Украинците, според странските медиум, од Русија ќе побараат итен прекин на нападите и положување на оружјето.
Покрај тоа, едно од главните барања на претседателот Володимир Зеленски е итен прием на Украина во Европската Унија.