4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаСветOбид за убиство на украинскиот претседател Зеленски?!

Oбид за убиство на украинскиот претседател Зеленски?!

spot_img

Украина тврди дека денеска уништила елитна група чеченски борци кои планирале атентат на претседателот Володимир Зеленски.

Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, за време на денешното телевизиско обраќање рече дека единицата „која дојде да го убие нашиот претседател е елиминирана“.

Претходно денеска, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Чеченци се убиени во инвазијата на Москва на Украина. Единицата била испратена во Украина од Кадиров, кој е верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

– Веќе сме свесни за специјалната операција што требаше да ја изврши единицата на силите Кадиров, рече Данилов на ТВ каналот Украина 24, пренесе Дејли Мирор.

– Информациите ги добивме од претставници на руската Федерална служба за безбедност кои не сакаат да учествуваат во оваа крвава војна. Единицата на силите Кадиров, која дојде да го убие нашиот претседател, беше елиминирана, рече Данилов.

Тој додадде дека единицата била поделена на две групи и дека нејзините движења внимателно се следат.

Тој рече дека една од двете групи била под оган од украинските сили во Хостомел – северозападно предградие на главниот град на Украина Киев.

Данилов рече: „Ние никому нема да го дадеме нашиот претседател или нашата земја. Ова е наша земја, бегајте одовде“.

Откако започна руската инвазија на 24 февруари, постојат стравувања дека претседателот Зеленски би можел да биде убиен од руските сили. Во своето обраќање тој дури рече дека бил цел број еден на атентаторите на Кремљ.

„Јас сум цел број еден, мојата сопруга и децата се број два“, рече тој минатата недела.

Сепак, и покрај заканата по неговиот живот, тој продолжи да проектира пркос пред лицето на опасноста и да стане лице на отпорот на Украина.

Зеленски денеска изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот, откако првата рунда разговори меѓу двете страни оваа недела не даде резултати.

Во интервју од добро чуваниот владин комплекс, Зеленски ги повика членките на НАТО да воведат зона на забранети летови за да ги запрат руските воздухопловни сили, нагласувајќи дека тоа ќе биде мерка на претпазливост што не треба да ја вовлече Алијансата во војна со Русија.

Зеленски, кој ги одби понудите да го напушти главниот град додека руските сили напредуваат кон Киев, исто така рече дека неговата земја ќе бара законски обврзувачки безбедносни гаранции доколку НАТО ги затвори вратите за Украина за членство во Алијансата.

Зборувајќи за украинските услови за понатамошни разговори со Москва, Зеленски во заедничкото интервју за Си-Ен-Ен и за агенцијата Ројтерс рече дека е потребно само да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...