4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаЗабаваАца Лукас: Имам најголеми шанси да победам на Евровизија оти ќе ме...

Аца Лукас: Имам најголеми шанси да победам на Евровизија оти ќе ме гласа цела дијаспора..

spot_img

Пејачот Аца Лукас рече дека има најголеми шанси да победи на Евровизија затоа што за него би гласала целата дијаспора и поранешните земји од Југославија. Тој на прес конференција го обвини и организаторот за избор на песна на Евровизија, Радио Телевизија Србија, дека намерно го саботираат и не сакаат да го пуштат да оди да се натпреварува во Торино.

Тој ги обвини за нетранспарентност и смета дека не е во ред пејачите да плаќаат за да можат да учествуваат на овој фестивал.

„Претплатата на РТС ја плаќаат сите граѓани на Србија, а на крајот целата работа се сведува да пејачите мораат да платат за да настапат за избор за песна. И Лукас и Николиќ и ние сме луѓе со кариери и не сакаме да молчиме за тоа. Ќе го подигнеме гласот и во името на оние млади пејачи кои тоа не можат да го направат. Ние можеме и ќе ја одбраниеме нивната чест“, рекоа од тимот на Лукас на прес конференција.

Лукас побара од уредничката на забавната програма на РСТ да го објави жирито кое ќе одлучува во изборот на песна. Тој смета дека има најголема шанса за победа, но уредничката Оливера Ковачевиќ е една од луѓето кои е против него да учествува.

„Уште минатата година реков дека ќе се пријавам за Евровизија, а Ковачевиќ тогаш рече дека јас ќе се натпреварувам само преку неа мртва. А зошто? Затоа што не сакам да платам. Јас ќе се натпреварувам без разлика дали ќе победам, но не сакам да ја платам победата. Кој платил за да оди на Евросонг е нешто што треба да го каже Ковачевиќ. Годинава ви гарантирам дека ќе отиде уметник кој нема да плати, затоа што Ковачевиќ ќе мора да каже кои се членовите во жирито. Ви гарантирам дека ќе отиде најдобриот пејач кој ќе ја заслужи победата и за кого публиката ќе гласа“, рече Лукас и додаде:

„Знам дека јас имам најмногу шанси да победам, затоа што за мене би гласале сите републики од поранешна Југославија, како и дијаспората. Но, Ковачевиќ не сака да одам во Торино и планира да лобира за некој друг. Но, јас нема да ја споменам таа личност затоа што сметам дека не е во ред. Мојата песна е од мене за мојата Србија. Тоа не е сопственост на РТС и не ме интересира што мислат уредниците. Претставувањето на Србија низ светот не е работа за РТС и нема тие да одредуваат кој ќе ја претставува земјата во било што, па и во музиката. Јас ќе одам да се натпреварувам од срце и ќе ѝ го донесам на мојата земја најдобриот пласман и резултат. Во торино нема да ги носам работниците и раководството на РТС, за да се фалат со нивните брендови од „Луис Витон“ и „Гучи“, додека јас имам проби“, рече Лукас.

Од РТС му одговорија на Лукас и неговиот тим.

„Радио телевизија Србија е изненадена од лавината навреди, неосновани обвиненија, инсинуации и понижувања на угледот на нашата медиумска куќа. Како добри домаќини ќе им овозможиме на сите изведувачи еднакви шанси, а за победникот ќе одлучи независно, стручно жири и публиката. Можеби на некого тоа нема да му биде по волја, можеби некои се навикнати да работат поинаку и без никакви докази и основи да ги обвинуваат другите. Поради добрата атмосфера која владее во организацијата и меѓу учесниците нема да одговараме пред никого во лош тон. Сите тврдења против РТС ќе имаат можност да се докажат пред суд. Радио телевизија Србија и покрај сè ќе го организира ова натпреварување на највисоко ниво и со гордост пред сите граѓани на Србија. На сите учесници им посакуваме успех во изборот за песна за Евровизија 2022 година и радост поради учеството и соработката со РТС“, пишува во соопштението од телевизијата, а пренесе Telegraf.rs

За потсетување Лукас важи за фаворит, а најголема конкуренција му се пејачките Сара Јо и Зорја од „Ѕвездите на Гранд“.

„Не верувам дека ни половината луѓе во Србија би дале 12 бодови на Сара, затоа што не знаат која е таа. Да се разбереме, немам ништо против неа, но која е она да ми биде конкуренција“, рече Лукас претходно во интервју за Blic.
Репортер.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...

Пукање во Дебар – непознати напаѓачи пукале во полицајци кои се обиделе да ги запрат !!

Полицајци од граничната полиција вчеравечер во Дебар биле нападнати од двајца непознати напаѓачи, кои пукале во нив откако полицајците ги забележале како се движат...

Арачиновци длабоко под земја наместо компири, имале закопано оружје и бомби.

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови, дознава „Скопје1“. На локацијата се копаше повеќе...