3.9 C
Ohrid
среда, февруари 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија и Бугарија да не ги споредувате со Украина и Русија, изјави...

Македонија и Бугарија да не ги споредувате со Украина и Русија, изјави Евроамбасадорот Гир.

spot_img

Евроамбасадорот одговараше на новинарско прашање дека условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги поставува кон Северна Македонија во историскиот контекст на дефинирање на нациите.

<

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска го отфрли пристапот да се прават споредби на ситуацијата меѓу Русија и Украина, со онаа на Северна Македонија и Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, дека условите на Владимир Путин кон Украина се слични на оние што Бугарија ги поставува кон Северна Македонија во историскиот контекст на дефинирање на нациите, тој рече дека ЕУ целосно ја отфрлува оваа споредба помеѓу двете ситуации, за кои, како што рече, се две крајно различни ситуации.

„Самите дејствија на Русија се широко осудени во ГС на ОН и тоа се две различни ситуации. Целосно отфрлувам правење паралела меѓу односите на Русија и Украина, со оние меѓу Бугарија и Северна Македонија. Во Украина како што веќе кажав, гледаме градови што се бомбардираат од страна на руската армија, имаме напади врз суверена држава чија територија е ставена под прашалник“,рече Гир.

Евроамбасадорот истакна дека во билатералните односи меѓу Скопје и Софија има неколку области на спор, но, како што рече, Бугарија беше првата земја која што ја призна независноста на Северна Македонија и продолжи да дава поддршка и на нејзиниот интегритет и суверенитет, прва што го поддржа нејзиното членство во НАТО, а во изминатите неколку дена гледаме дека Бугарија како одговор на Европскиот цивилен заштитен механизам исто така помага за евакуација на македонски граѓани од Украина.

Францускиот амбасадор, истакна дека актуелната состојба покажува уште појасно отколку во минатото дека се наоѓаме во конфронтација на модели и на вредности – европскиот модел е на неупотреба на сила, затоа што решавањето на споровите не е така, затоа што се бара решение добра волја, дијалог, дипломатија.

Ќе ве потсетам дека токму тоа ние денес го забележуваме преку овој зајакнат дијалог меѓу двата главни града што се воспостави од почетокот на годината и во тој дијалог има политички одговорни лица што се храбри, понесени од најдобрата намера и во тој контекст секој треба да се обиде, колку што е можно да биде поодговорен, а тоа значи да ги оставиме тие што преговараат меѓу себе да најдат решенија.

Европските институции и француското претседателство го следат сето тоа со највисоко внимание и се подготвени кога ќе дојде соодветниот момент да го дадат својот придонес, за да може во најкраток и најбрз можен рок, овие позитивни моменти да бидат крунисани со успех што сите го посакуваме“, посочи Бомгартнер.
360степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Оди бе облечи се смрден: Гол маж денес ги вознемири Охриѓани. (Видео)

Голиот маж кој денес се шеташе низ центарот на Охрид ги вознемири Охриѓани а предизвика и бура на реакции по социјалните мрежи, ова е...

Митровски: Васил ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години ради притисокот на јавноста, и отежнатите околности.

Адвокатот Јанаки Митровски, цени дека момчето кое ја прегази Фросина, Васил Јованов ќе добие казна затвор изразена во двоцифрен број години заради отежнителните околности...

Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Според се уште неофицијалните информации од Тв Сител во тек се претреси во...

Болката од ден за ден поголема:Фросе била прегазена заедно со нејзиното куче Аја

Македонија Солзи и болка: Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја кое било пронајдено под автомобилот на Васил Автор: Деск 4NEWS.MK 05/02/2025 09:36 Здружението за заштита на животните...