18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПожарникари од Тетово тргнале да гасат пожар, па на сред пат останале...

Пожарникари од Тетово тргнале да гасат пожар, па на сред пат останале дефект со своето возило !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
  1. Тетовската противпожарна единица вчера интервенирала во Вратница, каде што гаснела запалена плевна со три противпожарни возила и седуммина пожарникари. Пожарот бил изгаснат, немало повредени, но на враќање од Вратница останале без едно возило.

<

„На враќање кон Тетово, еден камион ни остана на регионалниот пат Тетово-Јажинце бидејќи поради удирање во поставените лежечки полицајци на патот се искршија делови од системот за амортизација околу тркалата. Некако успеавме да го вратиме назад, а со оглед дека се стари камиони, уште потешко беше денеска да се најдат резервни делови“, информираше Ука Алити, командир на Тетовската територијална противпожарна единица.

 

 

Тетовските пожарникари постојано се жалат дека на овој патен правец нивните возила страдаат поради големиот број поставени грпки на патот. Од излезот од Тетово и кај селата Порој и Џепчиште ги има 15-ина за возилата да ја намалат брзината на движењето. Според правилата, на магистрален пат не смеат да се поставуваат лежечки полицајци, но тоа овде не се почитува. Пред неколку години имаше обид тие да се отстранат, но неуспешно, бидејќи жителите на овие села не го дозволија тоа, велејќи дека тука брзо се возело и нивните животи биле загрозени. Минатата година, овој патен правец се реконструираше и беше ставен нов асфалт. но грпките останаа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...