19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаШеќеринска: Путин сака да ја врати Русија во царско време, војната ќе...

Шеќеринска: Путин сака да ја врати Русија во царско време, војната ќе трае долго, а кризата уште подолго

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Путин се обидува да ја врати Русија во времето на царска Русија кога се освојувале теротории за потоа да се заштитат, вели поранешната министерка за одбрана Шеќеринска во вечерашното гостување на Вин Вин. Кај диктататорите ниту едно освојување не е последно, смета таа.

<

Историски објаснувајќи, Шеќеринска потсетува дека со распадот на СССР, во светот се продуцираа две нуклеарни сили – Русија и Украина, и да немало тогаш билатерална активност, во која се вмеша и САД, Украина ќе беше трета нуклеарна сила во светот.

Според американските разузнавачи, на Америка тогаш во 1994-та и беше подобро да се комуницира со една нуклеарна сила во светот, отколку со две. И затоа Украина за да ја добие независноста се откажува од 4000 боеви глави кои ги предава на Русија делумно за уништувње, и така Украина ја губи нуклеарната закана која сега Русија силно ја користи.

Така со потпишување на договорот во Будимпешта дадени се гаранциите неповредливоста на границите на Украина. Ова е враќање на времето назад повторува Шеќеринска, а водењето војна со Русија навистина може да премине во нуклеарна војна. Војната ќе трае долго, а кризата уште подолго проценува Шеќеринска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...