18.8 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаСветИ покрај барањето од САД: Полска нема да испрати воени авиони во...

И покрај барањето од САД: Полска нема да испрати воени авиони во Украина доколку за тоа не се согласат сите членки на НАТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Официјална Варшава, и покрај американското зелено светло за Полска да и помогне на Украина со испраќање борбени авиони, инсистира дека таквата одлука ќе мора заеднички да ја донесе НАТО. Дека земјата нема такви намери, потврдија портпаролот на полската Влада Пјотр Милер и шефот на полското Биро за национална безбедност Павел Солох.
– Ако е потребна одлука за испраќање авиони во Украина, мора да има договор во целото НАТО. Не сум слушнал ништо за никакво зелено светло од НАТО за таква одлука. Нема одлука за потенцијално испраќање авиони во Украина, изјави Милер синоќа за ТВ Полсат.

<

Милер, портпарол на полската влада на премиерот Матеуш Моравјецки, повторно ја демантираше веста дека украински борбени авиони би можеле да полетаат од територијата на Полска, наведувајќи дека нема ништо такво.
Шефот на Бирото за национална безбедност, Павел Солох денеска за приватната полска телевизија N24 изјави дека кога се во прашање борбените авиони, нема никакви одлуки.

– Како што потврди Владата, не планираме да ги испратиме, истакна Солох.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара авиони од соседите и земјите од НАТО како дел од помошта за испорака на оружје за Украина.
Денешен Весник

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...