29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина полковник Блаже Николовски, поранешен командант на тетовската касарна

Почина полковник Блаже Николовски, поранешен командант на тетовската касарна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера ненадејно почина полковник Блаже Николовски, поранешен долгогодишен командант на тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово. Тој беше командант на касарната од 2007 до 2014 година. Погребот со воени почести е закажан за денес на градски гробишта Камник во Скопје.

<

Полковник Блаже Николовски е роден 1971 година во Скопје, каде што завршува основно и средно образование. Во 1993 година дипломира на Воената Академија на ВВ и ПВО во Рајловац, Босна и Херцеговина. Военото образование го надградува во периодот 2003-2005 година со постдипломски студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција, а во 2019 година, дипломира на Школата за национална одбрана на вооружените сили на Република Турција, исто така во Истанбул, Република Турција.

– Во текот на неговата богата војничка кариера, извршува бројни командни и штабни должности, во повеќе гарнизони на Армијата. Командир на вод е во 3.механизирана-пешадиска бригада и командир на караулите „Пелинце” и караулата „Сопот” во граничната бригада каде што ја продолжува својата кариера како, командир на гранична чета. По завршувањето на постдипломските студии за командни и штабни должности во Истанбул, Република Турција поставен е на должноста заменик командант баталјонот во Тетово а потоа и на баталјонот во Охрид, информираа од Армијата.

Должноста командант на баталјон воедно и командант на гарнизонот во Тетово ја извршува во периодот од 2007 до 2014 година, по што преминува во Здружената Оперативна Команда каде ги извршува должностите началник на одделението за борбена поддршка во Ј-3 и началник на одделението за обука во Ј-7 каде што воедно го застапува началникот на Ј-7.

– Во 2017 година е поставен за шеф на кабинетот на Командантот на Здружената Оперативна Команда каде што останува и по извршената трансформација на Здружената Оперативна Команда во Команда за операции до 2022 година. Последната негова должност е помошник на Раководител на сектор за Цивилно Воена Соработка во Министерството за одбрана.Во два наврати е командант на македонскиот контингент во Авганистан за што е одликуван со два медали на НАТО, а во 2014 година е одликуван и со медал на американската армија за директно учество во борбени операции во Авганистан, соопштија од АРМ.

За исклучителните резултати од извршувањето на должностите добитник е на бројни награди, пофалници и признанија. Добитник е на бронзена, сребрена и златна значка на Армијата, бронзена и сребрена значка за партнерство, координација и соработка, како и сребрена значка за долгогодишна служба. Добитник е и на плакета од Централниот одбор на сојузот на борците на Република Македонија во 2011 година.

На јазичниот напреден курс по турски јазик во 2018 година во Истанбул, Турција е прогласен за првенец на генерацијата од вкупно 147 странски учесници на јазичната обука за што му е доделено посебно признание.

Курир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...