18.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаЗабаваФранцузите не сакаат да јадат пржени компирчиња со сирење кои се викаат...

Французите не сакаат да јадат пржени компирчиња со сирење кои се викаат „Poutine

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ресторан во Париз бил принуден да понуди објаснување откако клиентите погрешно разбрале дека неговото име, а во истовреме и главниот специјалитет, се инспирирани од рускиот претседател Владимир Путин.

<

Ресторанот наречен „Куќата на путин“ (La Maison de la Poutine), се соочи со низа критики и недоразбирања од јавноста, по руската инвазија на Украина од 24 февруари. Рускиот претседател е нашироко осуден за неговите постапки од светските лидери. Верувајќи дека е така, некои луѓе го навредувале „Мејзо де ла путин“, па дури и му се заканувале на ресторанот за истоименото јадење, како што велат Твитер.

Сепак, јадењето „путин“ (Poutine) не е именувано по Путин. Се работи за пржени компирчиња со сирење и сос, коешто е особено популарно во Канада, но и Франција и на други места низ светов. Специјалитетот, најверојатно потекнува од 1950-тите или 60-тите, од франкофонски Квебек, Канада.

Нема никаква врска со рускиот претседател, но сепак, презимето на Путин, напишано и на француски, гласи „Путин“, што ја оправдува забуната.

„Затоа, се чини, неопходно е да се потсетиме дека ’Мејзо де ла путин‘ не е поврзан со рускиот режим и нивниот лидер“, се вели во Твитер-објавата на ресторанот. Фирмата, исто така, јасно ѝ дава поддршка на Украина и „украинскиот народ кој храбро се бори за својата слобода против тиранскиот руски режим“, како што истакнуваат.

Ресторан во Квебек, во меѓувреме, решил да го отстрани ова јадење од своето мени како начин на осуда кон рускиот претседател.
Република.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...