23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДа помогнеме: Во Пустец одамна има црковно ѕвоно, но за жал му...

Да помогнеме: Во Пустец одамна има црковно ѕвоно, но за жал му недостига камбанарија !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонско друштво „Илинден” – Тирана апелира за финансиска помош за изградба на камбанарија на православниот храм „Свети Архангел Михаил” во центарот на Пустец во Мала Преспа, Албанија.

<

Поради тоа, македонското друштво „Илинден“- Тирана ги повикува Македонците како во Албанија, така и низ целиот свет да помогнат за изградба на камбанарија на црквата „Свети Архангел Михаил.

Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. Секој според сопствените можности и својата волја. Според зборовите на Македонците од Пустец „ѕвоното е одамна донесено, но поради фактот што недостасува соодветна камбанарија ѕвоното е обесено на едно железо, кое служи како недостојна замена за камбанарија. По молба и барање на македонските верници од Пустец за изградба на камбанарија крај црквата „Св. Архангел Михаил”, која навистина им е потребна, се потрудивме и со Божја помош успеавме да добиеме, убав проект на камбанарија која ѝ одговара на црквата – се наведува во апелот. Предвидено е камбанаријата да биде висока 15 и широка четири метри.

Објавени се и жиро-сметките за донации за изградба на камбанаријата. Преку сметка во банка за внатре во Албанија 410590037010117 – преку сметка во банка надвор од Албанија на AL89214411030410590037010117.
НоваМакедонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...