8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаГоран Милевски: На лудоста на Путин мора да се стави крај

Горан Милевски: На лудоста на Путин мора да се стави крај

spot_imgspot_img

Претседателот на ЛДП Горан Милевски оствари средба преку видео врска со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик, која утрото пред средбата учествуваше на воена обука. На средбата на која присуствуваа и пратениците на ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсовски, Милевски и изрази поддршка на Украина, како и апелира Европа да направи се за да го спречи Путин во воените дејствија и да се заштитат цивилите од бомбардирања.

– На лудоста на Путин мора да се стави крај. Да му се дадат 48 часа да се повлече од Чернобил, бидејќи состојбата станува критична. Веќе 15ти ден украинскиот народ страда. Киев не смее да стане нов Алепо (н.з. Сирија). Путин продолжува да лаже – во Украина се бомбардираат луѓе, деца умираат, а цивилите топат снег за да имаат вода во Мариупол. Руските окупациски трупи се пред самите градови и ни треба поддршка за воздушна одбрана. Имаме медицинска опрема и воена опрема но не ни е заштитено небото, затоа ни недостасуваат воени авиони и противвоздушна одбрана, изјави Рудик од украинските либерали.

Таа преку молба апелира до целиот свет, особено НАТО, да испрати воздушна заштита, истакнувајќи ја сериозноста на состојбата со нуклеарната централа во Чернобил.

– Се може да се случи, но доколку има нуклеарна експлозија сите ќе бидеме беспомошни, појаснува Рудик и вели дека украинската армија е подготвена и мотивирана од меѓународната поддршка, дека пристигнала помош и од 16.000 доброволци.

Тие знаат дека голем дел од рускиот народ ја осудува оваа војна, додава Рудик.

Во името на сите членови на ЛДП и на македонските граѓани, Милевски изрази сочувство за изгубените животи и за повредените во безумните воени операции раководени од Кремљ во Украина, кои со ништо не може да бидат оправдани. Милевски потсети дека ЛДП целосно застанала во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а за таа цел на иницијатива на ЛДП е изгласана декларација во Собранието со која се осудува руската агресија.

– Потребно е итно прекинување на сите воени дејствија и безусловно повлекување на руските воени сили на територијата на Руската Федерација. Восхитени сме од борбеноста и одлучноста на Украинците во одбрана на нивната татковина. Учествувавме и на протестите организирани од Украинските здруженија во Скопје и заедно со колегите од регионот, од Европа и целиот демократски свет, ќе продолжиме со конкретни активности да влијаеме за запре инвазијата врз Украина. Проблемите се решаваат со дијалог а не со војна, истакна лидерот Милевски.

И пратеничката Зајкова вели дека е во постојана комуникација со граѓани од Украина. Изразувајќи ужаснатост за страдањата на цивилното население во Украина, таа укажа на големата руска пропаганда на која се изложени македонците, особено преку медиуми на српски јазик, при што се нема точна слика за случувањата во Украина и за потребата од помош на украинското население.

ЛДП и Голос се полноправни членки на АЛДЕ, во која неодамна е примена по итна постапка и партијата „Слуга на народот” на украинскиот претседател Зеленски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...