20.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаСветЕден од најсмртоносните снајперисти во светот пристигна на помош во Украина.

Еден од најсмртоносните снајперисти во светот пристигна на помош во Украина.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од најсмртоносните снајперисти во светот ќе им се придружи на борбите во Украина, откако одговори на повикот од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

<

Канадскиот стрелец, познат по прекарот Вали (Wali) , доаѓа од елитниот 22 кралски канадски полк и има претходно борбено искуство во Кандахар во текот на војната во Авганистан, меѓу 2008 и 2011 година, пренесе Daily Mail.

По тоа, 40-годишниот снајперист самоиницијативно отпатува во Ирак во 2015 година за да помогне во борбата против Исламска држава. Во јуни, 2017 година еден од неговите соборци наводно убил припадник на ИСИС од неверојатна оддалеченост од дури 3.450 метри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати барање и апелираше до припадниците на вооружените сили на меѓународната заедница да одат во источна Европа и да се придружат на воените напори.

Вали, кој дома остави сопруга и едногодишен син, е повикан да се придружи на украинските доброволци. Минатата недела работел како компјутерски програмер во Канада, а сега се подготвува да се бори против руските војници на локации во Украина, оддалечена скоро 8.000 км.

„Работев како програмер пред само една недела. Сега изнесувам противтенковски проектили од складиште за да убивам луѓе. Моментално, тоа е мојата реалност“, изјави Вали за CBC News.

Вали е пречекан со прегратки од локалните жители откако на 4 март пристигна во Украина, заедно со тројца поранешни канадски војници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...