Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, очекува на наредните владини седници да се донесат конкретни мерки за штедење во државната управа и дека полицијата е подготвена за рационализација за време на економската криза.
-Најважно е да ги реционализираме трошоците и парите да ги насочиме кон граѓаните. Капиталните инвестиции се многу важни за да можеме да ја пребродиме оваа криза во наредниот период. Влада треба да донесе конкретни мерки за рационализација со план како ќе биде утврден начинот на заштеда на тие финансиски средства. Тука спаѓа рационализација во делот на возилата, службените патувања, репрезентацијата и се што е несуштинско во работењето, Што се однесува до мене, мојата картичка во МВР е нула денари, јас немам мобилен кој ми го плаќа државата и така ќе продолжам, рече Спасовски.
Јавува:Локално.Мк