10.9 C
Ohrid
сабота, април 19, 2025
ПочетнаСветРуската вселенска корпорација го враќа Американскиот астронаут на Земјата.

Руската вселенска корпорација го враќа Американскиот астронаут на Земјата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руската вселенска корпорација Роскосмос објави дека американскиот астронаут, кој се наоѓа во руската вселенска капсула, ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е претходно планирано.

<

Таквата потврда доаѓа откако некои американски медиуми претходно изразија сомнеж во врска со враќањето на американскиот астронаут Марк Ванде Хеи во околностите на санкциите воведени кон Русија поради ситуацијата во Украина.

– Американскиот астронаут Марк Ванде Хеи ќе се врати на 30 март во вселенското летало Сојуз МС-19 со руските државјани Антон Шкаплеров и Петро Дубров. Роскосмос никогаш никому не дозволил да се сомнева во неговата веродостојност како партнер, соопшти прес-службата на Роскосмос.

Корпорацијата, исто така, нагласи дека безбедноста на вселенскиот екипаж отсекогаш била приоритет на Роскосмос.

Извршниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, претходно на својот Телеграм канал објави извадок од емисијата на Фокс њуз, во која се наведува дека Русија може да остави американски астронаут во вселената.

MИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка сообраќајна незгода кај Кичево- Три лица се мртви другите патници итно се префрлаат во скопските клиники.

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид...

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски...

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...