13.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаЗабаваНема зима за македонските пејачки: Фолкерката Сани се пофали дека сама заработила...

Нема зима за македонските пејачки: Фолкерката Сани се пофали дека сама заработила пари за нова кола и стан.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фолк пејачката Сања Сани Гроздановска деновиве доби многу честитки од своите пријатели и колеги, откако објави дека се подновила со автомобил од марката Мерцедес.

<

Младата мајка на две девојчиња која веќе со години наназад е една од најангажираните пејачки во локали ширум земјава, за ,,Фокус” раскажува дека е горда на се што постигнала, бидејќи самата се изборила за животот кој денес го има со нејзините ќерки.

По потекло од Куманово, од пред извесен период е преселена во Скопје, каде купила стан, вели дека со напорна работа и јасна амбиција, се може да се постигне во животот.

-Започнав да заработувам сама, од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама.

Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд.

Сакам на сите девојки да им порачам никогаш да не чекаат ништо од било кого, туку да бидат самостојни. Нема цена задоволството кога сам одлучуваш што ќе правиш со твоите пари, кога не зависиш од никого и кога не треба никому да се правдаш за своите одлуки!-раскажува Сани.

 

Појаснува дека во животот минала низ многу немили ситуации и доживеала голем број на бродоломи. Сепак, никогаш не се предавала, во желба за добар живот за нејзините деца, таа станала голем борец и секогаш гледала само напред.

-Се што стекнав во мојот живот, стекнав сама. Сите бродоломи коишто ги доживеав, не ме поколебаа, ниту пак ме уништија. Напротив, по секое лошо искуство јас само уште помотивирано одев напред.

 

Како што рекле, секое лошо за добро е, така и јас, по секој животен предизвик станував уште посилна. Дојдов до таа точка кога сфатив дека жената не треба да чека некој херој да ја спасува и да и пружи добар живот, туку таа самата да си ги земе нештата во свои раце и да биде херојот на својот живот. Не чекам подароци, туку самата си ги купувам, и драго ми е што израснав во успешна и силна жена – раскажа Гроздановска./Fokus.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...