20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаЗабаваБританка откако се напила со другарките нарачала такси за Украина, оти сакала...

Британка откако се напила со другарките нарачала такси за Украина, оти сакала да му помогне на народот таму…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Британката Лиони Филдс го прославувала роденденот на нејзината пријателка кога некој од друштвото ја начнал темата за случувањата во Украина, пренесува британскиот медиум „Mirror“.

<

Некој од присутните гости искоментирал дека нејзиниот партнер, кој е професионален војник, можеби ќе биде принуден да се бори доколку Велика Британија се вклучи во војната. Таа, без размислување, им рекла дека веднаш би тргнала со него ако дојде до тоа.

Оваа 34-годишна жена, која е мајка на две деца и сопственичка на салон за шишање кучиња, вели дека во тој момент била многу пијана и дека во таква состојба решила дека мора да направи нешто – веднаш. Па, повикала такси и решила да тргне на патување кое ќе ја чинело 4578 британски фунти.

„Бевме излезени неколку часа и испивме неколку пијачки со розов џин, малку самбука и едно шише вино. Потоа се вклучив на апликацијата на Убер и побарав такси. Наредното утро ме исконтактираа од банката и ме известија за некои чудни активности на мојата картичка. Возачот на таксито се обидел дури девет пати да го наплати патувањето.“

„Имам 34 години, требаше да се однесувам поразумно. Возачот прифати да нѐ однесе до таму, но, за среќа, немав доволно пари. Наредниот ден се сетив што направив.“

„Јас и мојата пријателка сакавме да одиме до Украина и да им помогнеме на луѓето. Не знам што ќе се случеше ако ги имав потребните пари на картичката“, раскажува Британката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...