15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаЗабаваФинците петта година по ред најсреќни во светот, Македонците на 89. место

Финците петта година по ред најсреќни во светот, Македонците на 89. место

По петти пат по ред, Финска е прогласена за најсреќна земја во светот.

Извештајот, кој ги истражувал и ефектите од кризата поради пандемијата со ковид врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат американски научници врз основа на податоците добиени од Институтот Галуп.

Според извештајот, по најсреќната Финска следат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Австрија е на 11 место, Германија е на 14 место, Канада е на 15 место, а САД се на 16 место.

Хрватска е на 47. место, Словенија на 22., Србија на 43. место, БиХ е на 67. место, додека Македонија е на 89 место.

На дното на листата со повеќе од 150 земји се Авганистан, Либан и Венецуела.

Извештајот се заснова на податоци од последните три години. Научниците забележале значително зголемување на таканаречените дела на љубезност за време на пандемијата.

„Помагањето на странците, волонтерството и донациите во 2021 година нагло се зголемиле во сите делови на светот, достигнувајќи нивоа речиси 25 отсто повисоки отколку пред пандемијата“, велат тие.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...