15.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПремиерот Ковачевски не знае зошто Македонија е рангинара како најнесреќна земја помеѓу...

Премиерот Ковачевски не знае зошто Македонија е рангинара како најнесреќна земја помеѓу државите на Балканот?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според последните истражувања од Светскиот извештај за Среќата во светот за 2022 година“, Македонија е рангирана на 89-тото место од 146 држави и е последна помеѓу балканските држави според нивото на среќа на своите граѓани, или поточно, Македонците се најнесреќните луѓе на Балканот. Одговарајќи на прашањето на Алфа, какво е чувството да се биде премиер на најнесреќните луѓе на овие простори, Ковачевски се оправда со светската криза, притоа избегнувајќи конкретно да одговори на нашето прашање.

<

Да бидете премиер на држава во време на најголемасветска економска криза, која што е преедизвикана од воена агресија, во време кога светските берзина основните прехранбени производи, на нафтените деривати и на енергенсите се на историски највисоко ниво после Втората светска војна е голема одговорност. Меѓутоа, јас сметам дека заедно со тимот од Владата правиме се за да го заштитиме, прво животниот стандард на граѓаните и тоа го потврдивме“ – посочи премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, во веќе препозантливиот „Ќе-стил“, македонските граѓани ќе станеле посреќни откако ќе се продолжело со инвестициите и со градењето на инфрастрктурата, како што бил и патот Прилеп – Градско.

Ако продолжиме во таа насока, тогаш сметам дека и задоволството на нашите граѓани ќе расне и ќе биде на ниво на држави кои што се поразвиени од нашата држава“- појасни Ковачевски.

Нашето повторно инсистрирање да добиеме поконкретен одговор, знаејќи дека и за другите земји е криза, па сепак не се несреќни колку нас, за жал остана безуспешно, премиерот не ни одговори.

Каролина Дурло Alfa

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...