9.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија со свои претставници на Европското Таеквондо ИТФ првенство

Македонија со свои претставници на Европското Таеквондо ИТФ првенство

Македонија ќе има свои претставници на претстојното Европско Таеквондо ИТФ првенство кое од 25 март до 2 април ќе се одржи во Пореч, Хрватска.

Боите на Македонија ќе ги бранат пет натпреварувачи кои под водство на ИТФ федерацијата на Македонија, Марјанчо Лазаревски ќе се обидат во најдобро светло да ја претстават нашата земја.

Предводникот на репрезентацијата, Лазаревски нагласи дека веќе два месеци се подготвувале за првенството и дека се подготвени да го дадат максимумот иако поради целата ситуација со Ковид-19 бил изгубен континуитетот на натпревари.

– Во последните два месеци имавме секојдневни подготовки, го дадовме нашиот максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Ковид-19 го загубивме натпреварувачкиот континуитет. Сепак, според историјата на нашите натпреварувачи, може да веруваме во нив.

Давид Крстески во 2019 година, на свои 11 години се закити со медал од Европското првенство одржано во Римини, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив, Бугарија во 2019 година стигнаа до четвртфиналните борби. Тоа е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство, сите натпреварувачи имаат освоено многу медали, се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, -истакна Лазаревски.

Од клубот потенцираат дека се обезбедени и потребните професионални анти-допинг сертификати кои се неопходни за учество на едно вака големо натпреварување.

 

Наши претставници на Европското првенство во Пореч, Хрватска ќе бидат:

Хриситјана Парулеска, црвен појас

Давид Крстески, црн појас I дан

Елена Јанеска, црн појас I дан

авид Велковски, црн појас I дан

Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...