24.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид ќе добие прифатилиште за бездомните кучиња.

Охрид ќе добие прифатилиште за бездомните кучиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Расте бројот на кучиња скитници и напади врз граѓани во охридско-струшко. Во струшката болница, лани дури 52 лица биле примени за третман по угриз од бездомно куче.

<

Од почетокот на годинава лекарска помош побарале 11 лица, но само две случајот го пријавиле во полиција. На подрачјето на Охрид лани, пријавени се вкупно 25 каснувања од бездомно куче, при што во 6 од нив повредени се малолетни лица.
Најчесто уличните кучиња кои ги има во огромен број во повеќе глутници напаѓаат деца.

-„Од почетокот на оваа година до денес на подрачјето на Охрид и Струга евидентирани се три напади од кучиња скитници сите три врз малолетни деца. Во текот на 2021 година на подрачјето на Струга пријавени се 39 напади на кучиња скитници од кои 6 врз малолетни лица. вкупно 14 случаи на каснување од кучиња скитници, при што во 2 од нив повредени се малолетни лица., вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека во тек е тендерска постапка за избор на фирма за хуман третман на кучињата скитници за благосостојба на животните, третмани против паразити, вакцинација, соодветно обележување, стерилизација, кастрација и носење во прифатилиште за да се стопира размножувањето и намалувањето на популацијата во нормални граници. Согласно планот за јавни набавки за оваа намена предвидени се 500 илјади денари.

-„Изминатите години се предвидуваше прифатилиштето да биде на локалитетот Мауцхер, но поради административни правни пречки не е возможно добивање дозвола од Агенција за храна и ветеринарство за отворање такво прифатилиште и затоа се објави тендер за хуман третман на кучињата кој подразбира ветеринарни услуги и прифатилиште“ вели директорот Саше Најдески.

Советот на Југозападниот регион најавува заедничко меѓуопштинско решавање на проблемот со изградба на два стационари во Охрид и Кичево за сите девет општини.

-„Во Кичево има стационар веќе и во Охрид се гради стационарот. Ќе се договориме, разговаравме и со Пецаков беа и од Кичево претставници. Ако има простор и ние финансиски да помогнеме и истите да ги средиме со заеднички стационар ќе биде добро“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.

Секое физичко лице на кое му е причинета штета од угриз на бездомно куче согласно законот има право на надомест на штета, а одговорна е Општината.

Новинар Соња Рилковска Ohrid Net

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...