15.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаИако Владимир Талески е во притвор, две години зема плата од Татарот...

Иако Владимир Талески е во притвор, две години зема плата од Татарот во Битола.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески, редовно зема плата од Битолскиот театар. Талески е пред две години првостепено осуден на 8 години затвор за случајот „Транспортер“, за криминал направен со бесплатниот школски превоз во Битола. Тој од март 2020 година по пресудата од Основниот кривичен суд Скопје е во домашен притвор во семејниот стан во Битола.

<

Од Битолскиот народен театар потврдуваат дека Талески како и сите вработени во институцијата редовно зема плата. Додека беше градоначалник, неговиот работен однос беше во мирување, откако му заврши мандатот, тој е повторно вработен во НТБ како актер и има статус на актер „првенец“. Оваа позиција му е определена со систематизација од февруари 2016 година. Јавува Фокус.

Актерот Владимир Талески е сѐ уште вработен во БНТ, тој е актер од прва категорија и така е одредена неговата плата. Сѐ до правосилноста на неговата затворска казна тој ќе биде на платен список на Театарот“, потврдуваат од БНТ за „Фокус“.

Покрај Талески за случајот „Транспортер“ првостепено е осуден и екс-секретарот на Општина Битола, како и уште дваесетина други обвинети.

Корона кризата го одложи спроведувањето во Шутка на екс-градоначалникот на Битола, а покрај Талески и поранешниот секретар на Општина Битола, Слободан Бончановски, кој доби казна од 6,6 години затвор не замина во притвор како што е праксата за казните повисоки од пет години.

За Талески и другите осудени во „Транспортер“ се чека одлука од Апелацискиот суд Скопје, дали ќе се потврди одлуката на првостепениот суд или пак ќе се менува.
За повеќе детали,Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...