11.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки13: Се откажувам од мојата скапа и брендирана облека, барам државата да...

Боки13: Се откажувам од мојата скапа и брендирана облека, барам државата да ја стави на лицитација !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Јовановски-Боки 13, чекајќи ја пресудата за Меѓународен сојуз каде со факти објаснуваше дека е невин, посочи дека се откажува од неговата запленета брендирана обкека и бара државата веднаш да ја стави на лицитација. Тој им посочи…

<

Мене ми беше одземена целата гардероба, чевли, чанти, часовници, наочари, накит, уметнички слики… тоа беа “фантастичните докази” на Русковска со кој бев огласен за виновен и осуден, без да биде утврдена вредноста, годината на производство и кога се истите набавени и без никакво вештачење за одземените предмети, се на ѓутуре и жими мајка, но неисе, изјавувам и давам јавно ветување, доколку некогаш победи ПРАВДАТА и доколку дојде тој ден да ми бидат вратени сите неосновано одземени предмети, јас во целост се откажувам од истите во корист на семејства и лица кои се во социјален ризик, при што истите би биле предмет на јавна лицитација и парите од продажбата би биле донирани на оние на кои што им е најпотребно!!!“, напиша администраторот на профилот на Боки 13.

„Воедно, истакнувам предлог до надлежните во државата наместо да скапуваат бесправно одземените предмети во некој си магацин (иако сметам дека дел од предметите се веќе украдени од оние кои што ми ги одземаа), веднаш да биде спроведена јавна лицитација и продажба на истите и средствата да бидат донирани на лица и семејства на кои им потребна помош !!! Направете барем нешто добро од целиот правен циркуз и неправда!!! Со се мојот пурпурен капут бев, сум и ќе бидам поголем маж од многу самонаречени мажи од политиката и бизнисот“, се додава во објавата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство!

Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство! Денес, во срцето на општина Пустец, Р. Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште...

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...