16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСЦЕНАРИО ИЛИ ПРОПУСТ На приемот на амбасадата на САД, Тамара ги заборави...

СЦЕНАРИО ИЛИ ПРОПУСТ На приемот на амбасадата на САД, Тамара ги заборави Делчев, Груев, Гули и Сандански од македонската химна (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За време на интерпретацијата на македонската химна Тамара Тодевска случајно или не заборави да го испее токму тој дел од строфата каде што се споменуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански. Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на амбасадата на САД во Скопје, Македонија.

<

По повод националниот празник на САД, 4 Јули, вчера во американската амбасадаво Скопје се одржа прием на кој присуствуваа голем број гости, меѓу кои беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…

Пред почетокот на официјалниот дел од програмата на приемот македонската химна ја изведе Тамара Тодевска. Случајно или не, за време на интерпретацијата на Тодевска беше заборавен токму делот од втората строфа од химната во кој се споменуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански. Први на ова реагираа здруженијата на Македонците од Бугарија и потсетија на актуелните разговори меѓу експертите на двете земји за тоа чиј е Гоце Делчев. И на социјалните мрежи има голем број на реакции на овој потег на Тамара Тодевска.

Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на aмбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешна македонската национална химна испеана од Тамара Тодевска за време на приемoт по повод Ден на независноста 4 Јули.

ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (Тиранската платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети.

Еве го целиот текст од македонската химна:

Денес над Македонија се раѓа,

ново сонце на слободата!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Македонците се борат,

за своите правдини!

 

Одново сега знамето се вее,

на Крушевската република!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

 

Горите Македонски шумно пеат,

нови песни, нови весници!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Македонија слободна,

слободнo живее!

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...