16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонија„Од Македонија се јавувале во Бугарија кажувајќи дека земјата ќе оди на...

„Од Македонија се јавувале во Бугарија кажувајќи дека земјата ќе оди на избори и не може да се постигне решение“, порача Османи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг посочи дека лица од Македонија се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот меѓу земјите.

<

„Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Република Бугарија кажувајќи дека не потребен е целиот тој ангажман затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може ниту да се постигне одредено решение“, посочи Османи.

Тој додаде дека се работи и за луѓе во институции, за кои се смета дека се на иста линија со тие кои ги коментираше бугарскиот премиер Кирил Петков.

Османи не истакна за кои лица или институции станува збор но според начинот на кој ги протеравме новите 5 руски дипломати и ги прогласивме за персона нон грата логично е да се разбери дека министерот Османи ззборува за нив.

Претходно, Османи посочи дека имало обиди Западниот Балкан да не се движи со соодветна динамика кон Европската Унија и тоа преку „прокси“ играчи.

Инаку, во текот на вчерашниот ден бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека двајца вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија работеле за Македонија да нема европска иднина.

Тој додаде дека е задоволен што агенцијата сама се справила со проблемот и двете лица веќе нема да работат по ова прашање.

„Лицата кои беа поврзани со овој скандал, станува збор за руски интереси кои работеле во една специфична насока, а тоа е Западен Балкан да немаат европска иднина и нашите односи меѓу Република Северна Македонија и Бугарија да не се толку пријателски колку едни добри соседи сакаат да имаат такви односи. Од таа гледна точка тоа за мене е многу важно да се знае дека јавно имаме руска интервенција во Бугарија специфично за Западен Балкан и Северна Македонија“, вели Кирил Петков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...