0.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија е две години членка на НАТО но сеуште користи руски калашников,...

Македонија е две години членка на НАТО но сеуште користи руски калашников, произведен во Србија.

Навршија две години откако Северна Македонија стана членка на НАТО, но нејзината Армија и понатаму користи руски калашников, произведен во Србија.

За војската да ги задоволи воените стандарди на НАТО, ќе треба да го смени калибарот на оружјето, од 7,62 мм колку е калашников, да премине на оружје со калибар од 5,56 мм. Освен тоа, има и друга воена опрема во земјава која е стара. Веќе подолго време има оперативен план за модернизирање на армијата согласно НАТО стандардите, но планот се спроведува бавно. Поголемиот дел ново оружје со кое располага АРМ е донација од земјите сојузници. Но, и покрај бројните недостатоци на Армијата во опрема, тоа не ги спречи министрите и политичарите да се пофалат со професионалност и подготвеност. Истото го стори и министерката за одбрана при одбележувањето на денот на Првата пешадиска бригада.

Командант на оперативната команда и бригаден генерал, Бесник Емини, изјави дека нивото на воената подготвеност на земјата е значително подобрено, благодарение на работата и подобрувањето на условите, како резултат на зголемувањето на буџетот за војската.

Министерката Петровска, истакна дека во претстојниот период ќе бидат преземени сериозни чекори во насока на модернизирање на опремата и дека согласно растот на буџетот на одбраната, кој годинава изнесува 1,77% од БДП, над 30% ќе бидат наменети за модернизација.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...