13.5 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 после објавените бомби: Вилмич, блиску е денот кога ќе ги...

Боки 13 после објавените бомби: Вилмич, блиску е денот кога ќе ги замениме местата во затвор !!!

Бојан Јовановски-Боки 13 излезе со реакција по новите аудио разговори кои се објавени на „Јутуб“ и на фејсбук профили. Тој во објавата посочува кој го води разговорот, издвојува цитати и потоа го коментира.

Неговиот статус, го пренесуваме во целост, интегрално:
Од објавените “бомби” каде разговараат Груевски и Камчев го издвојувам следново, па ќе поставам неколку прашања, апели и заклучок !

Камчев: Јас бев спремен да ја нападнам денеска ама немав ГАРАНЦИЈА од Вилма!!! ( Бомба бр.1, 7 мин. 27сек. )

Камчев: Прво да наместиш човек е ЗЛО… ( Бомба бр.1, 12 мин. 31 сек. )

Камчев: Јас им кажав дека сакам да градам старечки дом со медицинска нега…
( Бомба бр.1, 9 мин. 35 сек. )

Камчев: Невозможно у светот е да се базираат судски одлуки само на изјави мора да се поткрепат со материјален документ… ( Бомба бр.1, 11мин. 41 сек. )

Камчев : Алек е п*чка , као 90 посто македонци… ( Бомба бр.2 , 1 мин. 20 сек. )

Камчев: Го сјебав СЈО… ( Бомба бр.2 , 4мин. 40 сек. )

Па сега аналогно на издвоеново а и на целата објавена содржина, прво да ја прашам Вилма Русковска каква гаранција требала да му даде на Камчев, усмена или писмена? Ја прашувам Вилма Русковска како може како шеф на обвинителството за организиран криминал, да дава било какви гаранции на обвинет и дали со тоа истата Русковска ја злоупотребила службената положба олеснувајки му ја положбата на Камчев? Најважното прашање од се е, дали Вилма беше директниот соучесник и покровител на Камчев во “сјебувањето” на СЈО со конструирањето на предметот “Рекет” каде сум осуден на 9 годишна затворска казна, токму онака како што вели Камчев во бомбите без ниеден материјален доказ , туку само на голиот, противречен и конфузен исказ на Камчев и жена му, на кого судот му поклони верба?
Обвинител Јовевски се слушаме ли, што ќе правите сега со вашата омилена Вилма или таа е над законот и дозволено и е да дава ГАРАНЦИИ на ОБВИНЕТИ и со истите да тргува, договара и преговара… колку што може да се разбере овде Камчев барал гаранции од Вилма за да спроведе ТАКТИКА против друг обвинител со амин на Вилма и сега што правиме Јовевски, ќе молчите или ќе постапите???
Вилма не е за разрешување после ова, туку за КРИВИЧЕН ПРОГОН ВЕДНАШ!!!
Денешнава содржина што може да се слушне е огромен ШАМАР за првостениот суд кој му поклони верба на овој профил на човек за случајот “Рекет” !!!
Случајот Рекет е направен од Камчев, неговите бугарски ( сега уапсени ) пријатели и од Зоран Заев!!!
Зоран Заев беше човекот кој со Камчев преговараше и договараше СЕ и за СЕ !!!
Има вакви, а и пострашни снимени разговори измеѓу Зоран Заев и Камчев, го знае тоа жирантот Русковска но молчи!!!
Оваа содржина е потврда за сето она што го пишував во моите отворени писма кои беа игнорирани и од Заев и од Русковска и од оној РЕПУБЛИЧКИОН “ПЕНЗИОНЕР” Јовевски, бидејки немаа што да одговорат, знаат дека не им се пишува добро!!!

За крај ЖИРАНТОТ на Камчев, Вилма Русковска, мора веднаш да даде одговор на јавноста и да понесе одговорност, независните обвинители веднаш да постапат и да се одважат, доволно е да ги процесуираат моите кривични пријави каде ги имаат сите наводи и докази за погоре опишаното!!!
Вилма, се сеќаваш дека во писмото ти напишав дека ќе дојде еден светол ден да си ги замениме местата во затвор… блиску е светлиот ден , Вилмич

После сите контраверзи, недоречености, очигледни тенденции, повреди на ЗКП при спроведената постапка за случајот Рекет, апелирам до највисокиот суд во државата, Врховниот суд, да ги земе во предвид сите околности и да донесе одлука со која ќе се овозможи одново фер судење со почитување на ЗКП и точно утврдување на фактичката состојба за случајот Рекет!!!

П.С
Камчев го вреѓа македонскиот народ дека биле п*чки, па еве јас да му одговорам дека поголема П*ЧКЕТИНА ОД НЕГО СЕ НЕМА РОДЕНО НА ОВА ТЛО!!!
Камчев вели дека не знае како спијат оние кои некого местат, вели да наместиш некого е ЗЛО… Камчев тоа го кажа и остана жив…
Така е Орце, се сложувам со тебе, навистина е ЗЛО, баш како што ме намести и наместивте мене, но драг мој Орце, истото ЗЛО ќе те најде, кога тогаш, не рекле за џабе од кол на кол, кол во газ!!!

Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски. Објавено од администратор на профилот

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама...

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...