17.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаБараме експертска проверка на пописот -Тие што живеат во странство не...

Бараме експертска проверка на пописот -Тие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупното население на Македониј

Тие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупното население на Македонија, вели лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој бара експерти да ги проверат пописните резултати и предлага парламентот да усвои заклучоци кои ќе значат и измена на законската регулатива за пописот на населението и изоставање на нерезидентното население.

Трајанов нагласува дека посебно индикативни се информациите дека обработувачите на податоците од Државниот завод за статистика се соочиле со проблеми околу резидентни и нерезидентни лица за кои било тешко да се утврди во која група припаѓаат, при што имало процес на дополнителни проверки преку постојните евиденции (кои не се на високо оперативно ниво), но сепак се вградени во групата на резидентни лица. Според непотврдени информации, рече, се работи за околу 50.000 лица.

„Граѓаните искажуваат недоверба во објавените податоци и генералната оценка е дека пописот не е одраз на реалните состојби, при што се зголеми и недовербата кон институциите и власта во целина. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, Република Северна Македонија има 2.560.000 државјани и ако се попишани 1.836.713 лица – резиденти, како и 260.606 лица- нерезидентни, остануваат 462.681 лица непопишани. Поради фактот дека не се попишани речиси две третини од нашите државјани во странство (попишувањето беше доброволно), податоците од пописот за нерезидентното население даваат сосема погрешна слика за етничката или религиската припадност на државјаните на Република Северна Македонија кои живеат надвор од земјата и одредени политички партии ги користат за етничко пребројување и мајоризација кога од вкупниот број попишани вадат проценти за бројот на Македонци, Албанци итн“, нагласува Трајанов.

 

Лидерот на партијата Трајанов вели дека направиле целосна анализа на пописните резултати, потсетува дека имаше и повици за бојкот и скриена кампања против пописот, потсетува дека политички претставници на Албанците агитираа меѓу дијаспората, конечно и дека сега во јавноста постои недоверба кон објавените резултати.

„По објавувањето на резултатите од пописот свои коментари, ставови и оценки дадоа голем број партии, невладини организации, експерти, медиумите, како и поединци при што во основа негативните ставови се однесуваа на пописот на нерезидентното население и неговото вклучување во вкупното население, големиот број непопишани лица кои живееат во Република Северна Македонија, но посебно за оние во странство – нерезидентното население“, вели тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби не зел ливче за претседателските избори..

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски...

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови, a за успешност на изборите треба да излезат 725.727 гласачи

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден...

Технички проблем: Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето...

МПЦ – ОА со повик за изборите: Да го искористиме дарот од Бога и масовно да излеземе на гласање

На денот на изборите Македонската православна црква Охридска архиепископија упати повик за изборите во кој се бара граѓаните и верниците да го искористат дарот...