19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСледната недела очекуваме Србија треба да ни даде масло за јадење..

Следната недела очекуваме Србија треба да ни даде масло за јадење..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

<

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ.

Од најголемиот македонски производител на масло за јадење, фабриката „Билијант“ во Штип, која е дел од компанијата „Витаминка“, посочуваат дека произведуваат масло за јадење, како и пред кризата.Коста Ташков од „Брилијант“ за МИА изјави дека постојано испорачуваат масло за јадење, но поради тоа што имаат најниска цена на пазарот, рафтовите забрзано се празнат, а се добива впечаток и дека граѓаните складираат поголеми количини на масло за јадење во своите домови.

Ташков забележува дека од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓаат добри вести за укинувањето на забраната од страна на Србија, од каде што го набавуваат и суровото масло. Во овој период набавиле и 600 тони сурово масло од Бугарија, а пристигнала и една цистерна од Украина, за да го пробаат производството. Смета дека суровото масло од Украина е со висок квалитет.

Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...