3.9 C
Ohrid
среда, април 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВаско Ефтов: Оливер Спасовски е интелектуално и политички најдоминантна личност во СДСМ.

Васко Ефтов: Оливер Спасовски е интелектуално и политички најдоминантна личност во СДСМ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Васко Ефтов, во својата нова емисија, вели дека СДСМ игнорирале јасни пораки од американската амбасада дека Оливер Спасовски треба да биде нов лидер на партијата, и прават импровизации со именувањето на Димитар Ковачевски.

<

Според Ефтов, САД го заштитиле од Спасовски од разните скандали, како што е издавањето пасоши на белосветски мафијаши, и му овозможуваат јавни средби со амбасадорката Брнз. Но, внатрефракциските пресметки во партијата, во кои Заев планира свое враќање, а скопското крило работи и против него и против Спасовски, довеле до тоа Ковачевски да стане партиски лидер и премиер.
Клучна фигура во ова СДСМ сега е Оливер Спасовски. 50 пати го имам кажано тоа, ќе повторам и 51 пат. Интелектуално и политички, најдоминантна личност во ова СДСМ е Оливер Спасовски. Затоа ги изгуби изборите во Куманово, не од Бранко Црвенковски, туку од структурите на Зоран Заев. Спасовски на бел коњ ќе дојдеше во штабот на СДСМ ако победеше на изборите во општина Куманово. Три фигури се бореа за превласт во СДСМ – Петре Шилегов (толкувањата на Заевистите се дека медиумските агенции и мерачите на рејтинг под контрола на Шилегов намерно на Заев му давале лажни анкети и информации за Шилегов да победи во Скопје а Заев да загуби низ Македонија). Втората е структурата на Заев која го пушти Шилегов низ вода (знаете ако Заев застане зад вас во Скопје тогаш вие сигурно губите во Скопје) и Оливер Спасовски. Од нив само Оливер Спасовски преживува, останува министер за внатрешни работи и расплага со инфорамции со кои може пола од кланот на Заев да го стави на топол оброк три пати на ден, вели Ефтов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....

Не 20.000 евра мито, туку 100.000 евра барал директорот на Геријатрија !!!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од...

Од рубриката верувале или не: Затвореници барале дрога, кога дошла полицијата кажале дека кучката Цеца му го зела часовникот, па и полицијата барала со...

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов, раскажа како во затворот во Штип преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да...

Левица најавува Закон за потекло на имот за функционерите од 1991 година наваму

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на својот профил на Фејсбук објави дека пратеничката група на оваа партија подготвува нов Закон за потекло на имот,...