13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаБоки13: Да бев лигуш и да се договорев, ќе бев Крсто Мукоски...

Боки13: Да бев лигуш и да се договорев, ќе бев Крсто Мукоски !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Јовановски познат како Боки 13, се заблагодари за поддршката која ја доби по драконската, деветгодишна казна за случајот „Меѓународен сојуз“. Тој сега има 18 години затворска казна, што ако се спореди, е најдраконската. Посочува дека можел да се спаси, ако бил, како што вели „лигуш“, но и ако молчел.
Од се срце ви благодарам за секој убав збор, за искрената поддршка, за пружената рака и позитивна мисла и за вашата храброст да ми дадете поддршка… Сите вие драги, чесни и искрени луѓе сте единствената светла точка во ова време-невреме , во оваа невидена и нечуена неправда, во оваа апла селективна и корумпирана правда, во овој линч кон мене како небаре да сум масовен убица, во целата оваа колективна хистерија и мизерија насочена кон мене како поединец , ви се заблагодарувам и ви потенцирам дека сте моја мотивација во секоја смисла за мое идно делување !!!
Во целото ова НЕПРАВО, има само една добра работа, што преку мојот пример со казна од 18год. е дефинитивно разголено нечистото лице на правосудните власти, бидејки од авион се гледа тенденцијата, одмаздољубието и селективноста!

<

Па реално другари, да бев ЛИГУШ и да молчев, да не ја пишував вистината преку отворени писма, да не поднесов огромен број на кривични пријави против високи функционери (патем ни трага , ни глас од обвинетелството за поднесените пријави) да бев сервилен и да се договорев со власта на Заев и да одев по онаа одвратна линија на помал отпор и да ја прифатев нивната прљава игра , ќе пројдев полесно, ќе бев Крсто Муковски и сличните на Крсто што се на чуден начин ослободени !!! Мојата одлука од првиот ден кога ме притворија беше дека пактови нема да правам, па затоа доживеав незапаметена тортура и притисоци се со цел да ме замолчат, на секое мое споменување пред судикана на името на Заев, или други политичари, бев хистерично преќинуван и бркан од судница, па зарем тоа не кажува СЕ?!?
Селективното право е НЕПРАВО!!!

Најавувам дека ќе ги искористам сите расположливи правни инструменти кон повисоките судови и се надевам дека ќе дојде ден кога ќе имам можност да ја доказам својата невиност пред непристасен судија, кој ќе суди по закон, по докази, кој ќе спроведе фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудија на страните во постапката и беспоговорно почитување на ЗКП!

Ова беше судиска фикција со која требаше да се оправда смешната, селективна и криминална пресуда!!!
Едно прашање за крај, што почнува на буква, на буква С ?
П.с и нека не ве замајуваат само со М.Зекери“, напиша Јовановски-Боки 13 а објави неговиот администратор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Татко со неговите двајца синови го извришиле убиството на старецот од Крива Паланка, па го закопале до неговата куќа !!

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови и нивниот татко. Тие се сомничат за убиство на својот соселанец. -Полициски службеници...

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...