Министерството за внатрешни работи утринава го извести ОЈО-Скопје дека е лишено од слобода лицето Ангело Ѓорѓиевски, првообвинет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.
Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје.
Вчера МВР распиша меѓународна потерница за првоосмничениот Ангело Ѓорѓиевски.