17.9 C
Ohrid
четврток, април 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери

Левица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери заради систематското несвикување седници за пратенички прашања повеќе од една година.

<

Правниот тим на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно, систематски и спротивно на Уставот, свесно ја кочи и ја оневозможува парламентарната контрола над извршната власт, со несвикување седници за пратенички прашања во континуитет, повеќе од една година.

Пријавениот се терети дека извршил стек на кривичните дела „Саботажа“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ бидејќи, како единствено надлежен за свикување и претседавање со собраниските седници, умислено не ги свикувал задолжителните пленарни седници за пратенички прашања, кои мора да се одржуваат секој последен четврток во месецот! Оваа уставна, законска и деловничка должност на пријавениот е императивна, т.е. облигаторна и не предвидува можност за нејзино легално заобиколување, односно законодавството не предвидува никакви исклучоци кои ќе дозволат дискреционо право на претседателот на Собранието на РМ да не ја извршува оваа своја јавна обврска.

Пријавениот Џафери, тоа бил должен и морал да го знае, поради што произлегува дека неговото преземено дејствие е целосно свесно и со зла намера да се загорози уставниот поредок, преку ефективно спречување на принципот на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт, кој директно произлегува од тријалистичката поделба на државната власт (законодавна, извршна и судска) – како темелната вредност на уставниот поредок. Продолженото инкриминирано дејствие на пријавениот е прикриено и подмолно по својата структура, бидејќи вклучува свесно и неколкукратно неизвршување на конституциони, легислативни и деловнички обврски во целина и во континуитет, со цел тотална дисфункционалност, противправна суспензија и парализа на инструментите на парламентарната демократија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Црвено, бело, дебело“: Погледнете како функционерот Антонијо Милошоски со јајце ја пренесува традицијата на неговите деца

Денес е Велики четврток ден кога домаќинките пред изгрејсонце ги вапцуваат првите три јајца во црвена боја. Симболиката на овие три јајца е следна, првото...

И екс градоначалникот на Кочани, Папазов оди во куќен притвор.

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој даде оставка по пожарот во дискотеката „Пулс“ оди во куќен притвор, заедно со уште тројца соомничени за...

Бектеши доби нови 30 дена притвор

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Неговиот адвокат Еленко Миланов за Република објаснил дека на Бектеши му е одреден нов...

Велигденско јајце високо 2,3 метри поставено во дворот на црквата во Тетово

Верниците од православна веросиповед во пресрет на големиот празник Велигден изработија Велигденско јајце со висина од 2,3 метри и го поставија во дворот од...