7.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаГаздите на коцкарниците имаат приходи над 1 милијарда евра годишно

Газдите на коцкарниците имаат приходи над 1 милијарда евра годишно

spot_imgspot_img

„Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во нивната реакција изразиле загриженост дека земјата нема хотели со пет ѕвезди. Првично оваа информација не е точна и од ова произлегува дека тие не знаат што е хотел со пет ѕвезди. И покрај тоа, ние проценуваме дека ако тие сакаат да работат, освен што тоа треба да го прават подалеку од населените места и институциите, тие придобките треба да ги претворат во инвестиции, стотиците милиони што ги земаат од граѓаните. Ова најдобро можат да го направат инвестирајќи во хотели со пет ѕвезди. Вака ќе го решат и “проблемот“ со 10 иљада вработени за коишто велат дека ќе останат без работа, вработувајќи ги истите во хотелите со пет ѕвезди.

Другиот аргумент беше дека државата има корист од 280 милиони евра годишно. Ако се пресмета дека тоа доаѓа од 18% ДДВ тогаш излегува дека сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно. Тоа пак покажува колку чисти пари добиваат од граѓаните без никаков поврат во вид на инвестиции или други форми. Милијарда евра е повеќе од доволно за инвестирање во хотели со пет ѕвезди и добра можност што преку хотелиерството и туризмот, на попрофитабилен начин да заработат и тие и државата и граѓаните. И конечно, ако не сакаат да инвестираат и ако нема хотели со пет ѕвезди, нека се затворат обложувалниците и казината и нека им се остават 1 милијарда евра на граѓаните и нека се потрошат за покорисни цели“, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...