21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПоддршка за уставобранителите од Брисел!

Поддршка за уставобранителите од Брисел!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Патрик Аџиевски, македонски корени…роден во Шведска, каде и живеел се до заминувањето во Брисел. Нашата гордост, Патрик, денеска работи во Европскиот Парламент во Брисел, како приправник, во Европската Народна Партија (EPP). Дипломиран политиколог е и активен политичар во Шведска! Долго време го следи општественото лудило во Македонија и пред се како млад човек со силен порив за правда, а потоа како политолог и приправник во Европскиот Парламент се јави во поддршка на политичките заложници на хибридниот режим во Македонија!
Ваква младина е за инспирација! Храбар, успешен и гласен!
Во продолжение од објавата на Патрик Аџиевски:

<

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Во последните години Македонија за жал е окупирана од еден хибриден режим што работи против интересот на граѓаните и што брутално ги казнува своите политички противници. Местеното судење за случајот 27ми април е доказ дека политичките противниици и неистомисленици на режимот немаат човекови права. Превисоките затворски казни за уставобранителите од 27ми април одат против сите права кои постојат на овој свет. Најмногу ме вознемирува фактот дека поштените уставобранители, што и претходно си ја бранеле татковината, се обвинети за тероризам а од друга страна вистинските терористи седат во собранието каде што се одлучува иднината на државата. Но исто така ме вознемирува фактот дека судот со своите обвинители, под влијание на режимот, одбираат кои да ги амнестираат и кои да ги казнат за случајот 27ми април. Дали ова е правда?
Случајот за политички затвореници во Македонија мора да добија уште повеќе внимание, посебно во европските институции бидејќи правда од судовите на режимот во Македонија е невозможно. Режимот не е свесен дека една држава со политички затвореници не може да биде дел од Европската Унија. Ова прашање треба да стигне до Европскиот суд за човекови права. Потребно е уште поголемо обединување меѓу македонците низ светот за ова прашање, треба да правиме све што можиме со цел да им помогнеме на уставобранителите и на нивните семејства. Само обединети ќе ја победиме оваа битка.
На крајот убеден сум и знам дека правдата ќе победи! Наскоро ќе изгрее сонцето на слободата! Да живее Македонија! 🇲🇰
Поздрав од Брисел! 🇪🇺

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...