10.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски осуден на седум години затвор, Мијалков на 1 година и три...

Груевски осуден на седум години затвор, Мијалков на 1 година и три месеци , Камчев доби затвор од една година

По девет месеци е донесена пресуда за предметот „Плацови на Водно“. Според судијата Илија Трпков, обвинетите не стекнале имотна корист за себе туку за Никола Груевски, бидејќи се плашеле од неговата одмаздољубивост.

Груевски доби казна од седум години затвор. Мијалков доби 1 година и три месеци затвор. Ристо Новачевски кој е кум на Груевски е осуден на условна казна, која ќе биде затвор во траење од две години, ако во наредните пет години не стори ново кривично дело. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ исто така доби условна казна, кој ако во наредните пет години не стори ново кривично дело, нема да одлежи две години затвор.

„Како отежителни околности се имаше во предвид околностите под кои се сторени делата, адаптибилноста на обвинетите за да се изгуби патот на парите, висината на износите и начинот на кој биле инвестирани во недвижности. При одмерување на видот и висината на санкцијата ја имаше во предвид и јавноста и интересот. Судот ја ценеше и осудуваноста на Груевски како и фактот дека против Мијалков се водат постапки. Ваквите отежнувачки околности се донесени во корелација со олеснителните околности“, кажа судијата Илија Трпков.

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски е првообвинет за за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Тој во неколку наврати преку социјалните мрежи од Будимпешта се жалеше дека сите обвинети кои сведочеле против него, тоа го правеле затоа што биле уценети. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за кривично дело перење пари, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Обвинителката Лиле Стефанова од судијата Илија Трпков, побара на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената. Побарана е и конфискација на становите, за кои сведок тврдеше дека се на Груевски, а не се запишани како негова сопственост. Стефанова, за Ристо Новачевски побара обвинетиот да биде условно казнет, додека за обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни. Сите негираа вина. Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.

Случајот „плацови на Водно“, стана познат во јавноста пред точно седум години, односно во март 2015 година, кога одекнаа снимките на тогашната опозиција СДСМ за тоа како блиски лица до тогашниот премиер Никола Груевски планирале да купат атрактивното земјиште од илјадници квадратни километри, каде меѓудругото има и преубава шума.

Според документите од катастарот, три фирми ги имаа во раце атрактивните локации – фамозната компанија Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах Инижинеринг.

Според обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно. Во сето ова, тој не бил сам.
Извор:Скопје1

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...