15.4 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаСветДвајца руски олигарси најдени мртви заедно со нивните семејства

Двајца руски олигарси најдени мртви заедно со нивните семејства

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двајца руски олигарси беа најдени мртви заедно со нивните сопруги и деца со разлика од еден ден на две страни од Европа. Едниот во Москва, а другиот во Шпанија.

<

Владислав Аваев, поранешен потпретседател на Газпромбанк, беше најден мртов од прострелна рана во неговиот стан во Москва во понеделникот, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Одделот за истраги во Москва не ги наведе имињата на жртвите во соопштението за случајот, но ТАСС наведе дека неименуван извор го потврдил нивниот идентитет.

Инспекторите во соопштение напишаа дека ја претпочитаат теоријата дека Аваев ги убил сопругата и ќерката, а потоа и себе.На другата страна на Европа, во Шпанија, уште еден олигарх, Сергеј Протосења, е пронајден обесен, а неговата сопруга и ќерка се избодени до смрт, објави шпанската телевизија Telecinco. Неговото тело беше пронајдено во вторникот. До него биле најдени крвав нож и секира.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...