Без никакво образложение денеска на граничниот премин Богородица меѓу Република Македонија и Грција (Европската Унија) на македонскиот државјанин Сашо Маневски, активист за човекови права и претседател на македонската организација НовАсном, му бил забранет влез на територијата на нашиот јужен сосед.
Според Маневски, граничната полиција не му дала никакво образложение за причините освен да се обрати до Хеленската амбасада во Скопје.
,Ова е срам за Европската Унија, срам за Хеленската република. Без никаква причина да забраниш влез на еден обичен граѓанин кој сака добрососедски односи со Македонија. Го повикувам МНР и господинот министер Османи директно да интервенира во името на правдата и законот”, вели Маневски во реакцијата по блокадата за влез во Грција.
Во документите што ги објавува Маневски не ја пишува причината за забраната за влез.
За повеќе детали,Тука