4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаСветЕл Чапо пристигнал во "планинскиот Алкатраз": Нарко босот животот ќе го мине...

Ел Чапо пристигнал во “планинскиот Алкатраз”: Нарко босот животот ќе го мине во ќелија од која се гледа само небото Точка20/07/201912:34 1.109Големина на фонт А А А Мексиканскиот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман, влегол во затворот во Колорадо познат како “Алкатраз од Карпестите планини”, за да почне со издржувањето на доживотната затворска казна плус 30 години, откако бил осуден за шверц на тони кокаин, хероин и други дроги во САД, како и за планирање на убиства. Затворот со висока безбедност Супермакс, на 185 километри од Денвер, со околу 375 затвореници, е познат по тоа што од него никој не побегнал откако е отворен во 1994-та година, пренесува “Reuters”. Гузман се приклучил на листата озлогласени криминалци како што се Тед Качински, кој преку писма-бомби убил три лица, потоа учесникот во заговорот за 11-ти септември Закарија Мусави, Тери Николс, осуден за бомбашки напад во Оклахома Сити и бомбашот од Бостонскиот маратон Џохар Тсарнаев. Затворот е наречен Алкатраз од Карпестите планини по славниот затвор во Сан Франциско, меѓу чии затвореници бил и гангстерот Ал Капоне. Како и останатите затвореници, Гузман најверојатно ќе биде затворен 23 часа дневно во самица со мало прозорче, поставено така што од него се гледа само небото. Се очекува дека во неговата ќелија ќе има телевизор, а ќе може да гледа религиозни и едукативни програми. Специјалните рестрикции се користат за затворениците да не можат да шират влијание или да праќаат закани надвор од затворот. Затворениците не можат да се движат низ затворот без придружба, а ги пребројуваат најмалку шест пати дневно. Гузман два пати бегал од мексикански затвор, па откако во 2017-та бил екстрадиран на САД, бил целосно отсечен од надворешниот свет. ЕЛ ЧАПО ХОАКИН ГУЗМАН АЛКАТРАЗ ОД КАРПЕСТИТЕ ПЛАНИНИ КОЛОРАДО

spot_img

Мексиканскиот нарко бос Хоакин Ел Чапо Гузман, влегол во затворот во Колорадо познат како “Алкатраз од Карпестите планини”, за да почне со издржувањето на доживотната затворска казна плус 30 години, откако бил осуден за шверц на тони кокаин, хероин и други дроги во САД, како и за планирање на убиства.

Затворот со висока безбедност Супермакс, на 185 километри од Денвер, со околу 375 затвореници, е познат по тоа што од него никој не побегнал откако е отворен во 1994-та година, пренесува “Reuters”.

Гузман се приклучил на листата озлогласени криминалци како што се Тед Качински, кој преку писма-бомби убил три лица, потоа учесникот во заговорот за 11-ти септември Закарија Мусави, Тери Николс, осуден за бомбашки напад во Оклахома Сити и бомбашот од Бостонскиот маратон Џохар Тсарнаев.

Затворот е наречен Алкатраз од Карпестите планини по славниот затвор во Сан Франциско, меѓу чии затвореници бил и гангстерот Ал Капоне.

Како и останатите затвореници, Гузман најверојатно ќе биде затворен 23 часа дневно во самица со мало прозорче, поставено така што од него се гледа само небото.

Се очекува дека во неговата ќелија ќе има телевизор, а ќе може да гледа религиозни и едукативни програми.

Специјалните рестрикции се користат за затворениците да не можат да шират влијание или да праќаат закани надвор од затворот.

Затворениците не можат да се движат низ затворот без придружба, а ги пребројуваат најмалку шест пати дневно.

Гузман два пати бегал од мексикански затвор, па откако во 2017-та бил екстрадиран на САД, бил целосно отсечен од надворешниот свет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...